
Деканот на Богословскиот факултет на МПЦ ќе ја промовира книгата на рускиот епископ
Деканот на Богословскиот факултет, професорот Ѓоко Ѓоргевски ќе биде промотор на книгата „Несвети, а свети“ на рускиот епископ, Тихон, Викар на Патријархот Кирил, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија.
Промоцијата на неговата книга, која е едно од најпопуларните дела во Русија ќе биде на 4 октомври 2016 година со почеток од 12.00 часот во НУБ „Свети Климент Охридски“-Скопје.
На промоцијата ќе зборува и авторот, влијателниот епископ Тихон, кој во Русија важи за духовник на Претседателот Владимир Путин.
Епископ Тихон (Шевкунов) е истакнат претставник на Руската православна црква, претседател е на Советот за култура при Патријархот, широко познат теолог, писател и филмски режисер.
Во Република Македонија доаѓа на лична покана од Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.