Почетна Вера Децата од селото Водоча го празнуваат споменот на Свети Василиј Велики
Децата од селото Водоча го празнуваат споменот на Свети Василиј Велики

Децата од селото Водоча го празнуваат споменот на Свети Василиј Велики

385
1

Децата кои живеат во селото Водоча, струмичко и кои ги посетуваат часовите по веронаука што со благослов на владиката Наум ги одржува отец Григориј Јакимов воочи празникот на Свети Василиј Велики ги поздравиле жителите на селото со „Христос се роди“ и ја рецитирале стихата од Вечерната служба за светецот.

vodocha 1
На денот на празникот се причестиле, а во спомен на чудото на светецот, отецот на сите деца им разделил лепче со паричка.

vodocha 2
По тој повод се обратил и струмичкиот владика Наум, според кој, се во црквата е соборно-лично (љубовно и слободно) и може да се организира само во заедница. Како што лепчето со паричка нема смисла да го дели или крши само еден човек, така и благословот на Свети Василиј не може да биде само за еден човек – тој кому му паднала паричката, туку е за сите што учествуваат во она што се организира во негова чест и во негов спомен.

Коментар(1)

  1. Не според владиката Наум, таква е позицијата на Црквата. Е сега што еден човек ја спознал смислата на постоењето на љубовта а се останато при очи не гледа е егзистенцијален проблем и продукт на личниот опит.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *