Почетна Вести Дали сте знаеле дека денеска е роденден на Архиепископот?
Дали сте знаеле дека денеска е роденден на Архиепископот?

Дали сте знаеле дека денеска е роденден на Архиепископот?

635
1

Архиепископот Охридски и Македонски, Стефан денеска полни 61 година. Тој е најмладиот Архиепископ на МПЦ. Избран е на таа позиција на 44 години. Повозрасни од него во Синодот на МПЦ се владиците, Горазд, кој е пензиониран, Петар, Тимотеј и Агатангел.

Stefan ArhiepiskopГ.г. Стефан е роден на 1 мај 1955 година во село Добрушево во Битолско. Неговото родено име е Стојан Велјановски. Роден е во монгудетно семејство како шеста рожба на неговите родители Тале и Стојанка.

По завршувањето на основното училиште, есента 1969 година се запишал во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, која со успех ја завршил во 1974 година.

Теологија дипломирал на Белградскиот православен факултет, во во 1979 година. Светиот архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го поставил за професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, а веќе идната година бил испратен на последипломски студии на Екуменско-патролошкиот институт „Свети Николај“ во Бари – Италија, на кој магистрирал во 1982 година.

По враќањето од Италија бил предавач на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Свето Писмо на Стариот Завет и Патрологија.

Stefan Arhiepiskop 2Замонашен е на 03 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во Охрид, а хиротонисан  за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје како митрополит Злетовско-струмички, а кратко потоа именуван за Митрополит на Брегалничката Епархија.

На  Црковно-народниот Собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, бил избран, а следниот ден востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква. Истовремено е и надлежен архиереј на Скопската православна епархија.

Коментар(1)

  1. Нека Ви се многу години, Блажен дедо Стефане! Господ да Ви подари долг век, одлично здравје и многу духовни радости Вам и на нашата Света Македонска Православна Црква! Навистина воскресна Христос!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *