Почетна Коментар Дали Анкара ќе му се нафрли на патријархот Вартоломеј?
Дали Анкара ќе му се нафрли на патријархот Вартоломеј?

Дали Анкара ќе му се нафрли на патријархот Вартоломеј?

598
0

Уште од времето на владеењето на Кемал Ататурк, Православните Христијани во Турција се жртви на репресии од државата. Поради овие репресии, илјадници христијани имаат емигрирано од оваа земја. Во 1971 богословското училиште “Света Троица“, кое се наоѓа на таканаречените грчки острови во близина на Истанбул беше затворено од државата. Печатењето на православната книги и мисионерските активности на православната црква се целосно забранети. Во обид да го зајакне патриотизмот, Турската влада се обиде да ги зајакне врските со националисти, а најрадикалните националисти во неколку наврати и физички го нападнаа и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј чие седиште се наоѓа во истанбулската општина Фенер.

Ваквата ситуација го принуди Вартоломеј да изгради блиски врски со Американската политичка елита. Главни финансиери на Вселенската Патријаршија се Американските милионери со грчко потекло а во исто време состојбата на православното малцинство во Турција е главниот ас во ракавот за дипломатски притисок на Вашинтон кон Анкара. Тоа што Вселенската патријаршија е прва помеѓу еднаквите автокефални православни цркви значи дека Вартоломеј може да влијае на целиот православен свет. Нормално, американското разузнавање не би пропуштило таква шанса.

vartolomejjjЕдна од најзначајните фигури на Американско-Израелското лоби во Вселенската Патријаршија е Отецот Александар Карлуцос кој е многу близок со Архиепископот Деметриос. Благодарение на неговите врски со високо позиционираните американски милионери со грчко потекло тој практично ги контролира парите кои од САД се слеваат во Фенер, што му дава шанси да влијае на Вселенската Патријаршија. Од друга страна Карлуцос е во многу добри релации со поранешниот директор на ЦИА Џорџ Тенет и со проповедникот Фетулах Ѓулен кој исто така соработува со американските служби. Ова значи дека висината на финансиските средства кој ги прима Вселенската Патријаршија директно зависи од тоа колку тие ги исполнуваат барањата на нивните Американски финансиери.

Покрај ова, Патријархот Вартоломеј се има сретнато со Ѓулен или со Хоча Ефенди како што тој го нарекува. На пример, тие се сретнаа на 6-ти април 1996 за да разговараат за интерверскиот дијалог. Ова беше пред Ѓулен да мигрира во САД со помош на Мортон Абрамовиќ, агентите на ЦИА Грахам Фулер и Џорџ Фидас како и погоре споменатиот Отец Александар Карлуцос.

Вселенскиот Патријарх во 2012 учествуваше на симпозиум на Асоцијацијата на Писатели која е основана од Ѓулен, и во својот говор изрече неколку фалби за работата на исламскиот проповодник. Еден месец претходно, американскиот весник Чикаго Трибјун објави интервју со Вартоломеј во кое тој ги истакна активностите на Ѓулен за развој на интер-верскиот дијалог и истакна дека тој работи “Во интерес на целото човештво“. Потоа, една недела по состанокот на Асоцијацијата, на 13 Мај 2012 во интервју посветено на наградата која Вартоломеј ја доби од Институтот Рузвелт, Патријархот јавно го откри неговото пријателство со Ѓулен: “Ние го сакаме него. Се надеваме дека наскоро ќе се врати во Турција“.

Се прашувате ли зошто Вселенскиот Патријарх го критикуваше претворањето на Света Софија во Џамија на 11 Јули годинава, дури еден месец откако почнаа верските активности таму, но само 4 дена пред обидот за државен удар на дел од армијата?

Дали Турската држава ја сфати поврзаноста на Вартоломеј со ова? Дали владата ќе се обиде да го купи или ќе се бара казна за него? Очигледно, за Ердоган сега ќе биде многу полесно да ги пресече странските финансии за Вселенската Патријаршија. Од друга страна, соработката со Патријаршијата е нова можност за Турција да ја подобри својата репутација и да влијае на Православниот свет. Дали властите го разбираат Екуменскиот Статус на Вселенската Патријаршија?

За жал во овој момент е многу тешко да се донесе ваква одлука. Затоа што последниот Православен Вселенски Собор не успеа. Видовме како Патријархот Вартоломеј покажа неспособност и не успеа да го обедини православниот свет. Се покажа дека тој не може да влијае на повеќе од половина од Православните Христијани! Причина за ова овој неуспех се неговиот авторитаризам и омразата која ја има кон Руската Православна Црква.

Фактот што тој не успеа ја намалува вредноста на Патријаршијата и во Турција која сега ќе ги подобрува односите со Русија, а се чини дека Патријархот Вартоломеј има многу малку време за да ја поправи ситуацијата.

Пишува: Артур Х. Хагс

(Авторот е поранешен амбасадор на САД во Јемен (1991-1994), потоа станува асистент на Државниот Секретар за Блискиот Исток. Во исто време, бил и шеф на мисијата на Стејд Департментот во Тел Авив.)

/ЕУРОАКТИВ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *