Почетна Вести Христијанство Црногорските медиуми за настапите на хорот од Бигорски во Грција
Црногорските медиуми за настапите на хорот од Бигорски во Грција

Црногорските медиуми за настапите на хорот од Бигорски во Грција

1.08K
0

Уште еден чекор кон автокефалност, македонски клир пеел во Богослужбите на архиереи од Ерусалимската и Грчката црква. Автокефалноста на повидок? Македонски епископ и свештеници гости на Грчката црква. Ова се дел од насловите во церногорските медиуми, кои посветија големо внимание на учеството на монашкиот хор од Бигорскиот манастои на меѓународниот фестивал на византиска музика во Атина. Медиумите во Црна Гора ги пренесуваат информациите и за учеството на монашкиот хор на Бигорски на две литургии во црквите во Атина, едната со владика на Ерусалимската Патријаршија ио втората со викарниот епископ на Атинскиот Архиепископ Јероним.

Пишувајќи за овие настани, медиумите потсетуваат дека ова е голем чекор за МПЦ-ОА, која се бори за признавање на својата автокефалност.

-Со други зборови, иако македонските клирици денеска не сослужуваа со архиереите на Грчката и на Ерусалимската црква, а тоа засега не е ниту најавено, учеството преку пеење во тек на Богослужбите е јасна порака дека и сослужување, или влегување во литургиско единство, може да се очекува во периодот кој претстои, со што чинот за издавање на Томос за автокефалност на Црквата во Македонија, и покрај острото противење на Црквата на Србија, од страна на Вселенската, Мајка Црква би било формалност, пишува Антена М.

Во пресред на решавање на повеќедецениските спорови на подрачјето на поранешна Југославија, под засега се уште важечка јуриздикција на СПЦ, од Белград и се заканија на Вселенската патријаршија со раскол.„Прекин со Фанер ќе се случи ако Патријархот Вартоломеј одобри Томос на расколниците во Црна Гора, или Македнија“, изјави неодамна на собир во организација на Руската црква, Антониј, викар на Патријархот Порфириј. Со Томос од Вселенската, Мајка Црква во 1922 година, јуриздикцијата на Црквата на Србија е призната за териториите одамна непостоечки за Кралството СХС или СФРЈ. Македонија и Црна Гора се меѓународно признати држави. Според црковните канони, границите на помесните цркви се поклопуваат со државните граници. Таков став Вселенската Мајка Црква зазема и кога на почетокот од 2019 година одобри автокефалност на новосоздаденатата Православна црква во Укрина, пишува Антена М.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *