Почетна Вести Црквите во Ерусалим се солидаризираа со џамијата Ал Акса
Црквите во Ерусалим се солидаризираа со џамијата Ал Акса

Црквите во Ерусалим се солидаризираа со џамијата Ал Акса

453
0

Атала Хана, архиепископ на Грчката православна патријаршија во Ерусалим изјави: „Црквите во Ерусалим објавија дека се солидаризираат со џамијата Ал Акса”, јавува Anadolu Agency (AA).

Во знак на поддршка на Палестинците кои протестираат поради поставувањето на детектори за метал пред влезот во комплексот, на насобраната група им се приклучи и Атала Хана, архиепископ на Грчката православна патријаршија во Ерусалим.

Архиепископ Хана во разговорот со новинарот на АА, истакна дека на секого му е познато дека Палестинските христијани и муслимани се единствени против окупацијата и расизмот на теротиријата на која живеат, додавајќи:

„Оние кои како цел ја имаат Ал Акса, се истите они лица кои како цел ги земаа христијанските фондации и на нелегален начин ги украдоа. Ние, како Палестински христијани и муслимани, единствени мораме да се заштитиме од алчноста на Израел, кој сите нѐ има за цел. Црквите во Ерусалим објавија дека се солидаризираат со џамијата Ал Акса и затоа денеска ние сме тука за да ја повториме дадената поддршка за нашите муслимански браќа. Земањето на џамијата Ал Акса како цел на акции не значи само преземање активности против муслиманите, туку тоа истовремено тоа значи и акција против Христијаните. Ние сме единствен народ кој се бори за својата слобода”.

Архиепископот Хана на повеќепати последната недела дојде пред портите на Ал Акса и застана во подршка на муслиманите против прекршувањата на правата што ги извршува Израел.

Изминатиот петок голем оддек предизвика една фотографија објавена на социјалните мрежи на која се гледа како еден христијанин во знак на поддршка на муслиманите во Ерусалим заедно со муслиманските верници кои се молат, се молел и самиот тој и ја читал Библијата.

– И ПАЛЕСТИНСКИТЕ ХРИСТИЈАНИ СЕ ЦЕЛ НА ФАНАТИЧНИТЕ ЕВРЕИ

Еврејските фанатици повремено изведуваат напади и врз црквите и други места кои им припаѓаат на христијаните во Палестина и Израел. Водач на овие напади е сионистичката организација Лехава (Организација за спречување на асимилација во Светата Земја).

Генералниот секретар на Лехава, Бентси Гофштејн, во 2015 година гостуваше во една телевизиска емисија во која изјави дека „ги поддржува нападите врз црквите”. По оваа изјава, отецот Пиетро Фелет, генералниот секретар на „Католичкиот институционален орган за Светата Земја”, поднесе пријава до израелската полиција.

– НАПАЃАЧИТЕ ОСТАНУВААТ НЕКАЗНЕТИ

Фелет пријавата ја поднесе во име на повеќе од 20 патријарси и епископи и во неа наведува: „Ја приложуваме оваа пријава, сакајќи да дадаме до знаење дека сме загрижени за безбедноста поради зголемениот број напади врз црквите и цивилите на територијата која е под контрола на Израел”.

Во досието кое Фелет го приложи до полицијата, станува збор за дел од нападите кои се извршени врз христијанските верски објекти во Израел, потсетувајќи дека поголем број од извршителите на тие напади воопшто не излегле пред лицето на правдата.

Во 2015 година во Ерусалим бил извршен напад врз училиштето на Грчката православна патријаршија во Ерусалим во кој биле запалени тоалетите на училиштето, а на ѕидовите биле испишани „антихристијани” графити. Грчки православен свештеник Аристаркхос по нападот даде изјава во која рече: „Инцидент кој предизвика тага кај нас. Претходно дојдоа радикалните Евреи и ни се закануваа”.

– СЕ ОГРАНИЧУВААТ БОЖИЌНИТЕ ПРОСЛАВИ

По прогласувањето на независноста на Израел врз историската земја на Палестина, како и муслиманите, на десетици илјади палестински арапски христијани беа принудени да ја напуштат земајта и да станат бегалци. Денеска во Израел кој има 8,5 милиони население, живеат само околу 123.000 арапски христијани. Најчесто, овие христијани ги претставува Грчката православна црква.

Арапите христијани кои живеат на окупираните палестински територии (Источен Ерусалим, Западен браг и Газа) при формирањето на израелската држава претставуваа 15 отсто од вкупното население на Израел, додека денеска тие претставуваат само 2 отсто. Тоа одговара на околу 50.000 жители.

Се смета дека дискриминаторска политика на Израел е една од најголемите причини за напуштањето на најсветите верски центри во Израел од страна на христијаните, како што се Ерусалим и Витлеем. Секоја година, палестинските христијани кои за прослава на Божиќ сакаат да преминат од Западниот Брег во Ерусалим, насилно се попречувани од страна на израелските војници.

Палестинските христијани, исто како и муслиманите се активен дел од борбата против израелската окупација. Еден од најпознатите палестински христијани кој се приклучи кон отпорот е Џорџ Хабеш, еден од основачите на левоориентираниот Народен фронт за ослободување на Палестина (FHKC).

/А.А

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *