
Црковната кујна во Ѓорче секој ден готви по 200 топли оброци за најзагрозените во поплавите
Црковната кујна од храмот „Свети Петар и Павле“, секојдневно подговува и дистрибуира околу 200 топли оброци за најпогодените од поплавите во скопската населба Стајковци. Покрај редовните оброци за социјално загрозените, со благослов на Архиепископот г.г Стефан веќе неколку дена волонтерите во оваа црковна кујна подготвуваат оброци и за жителите на поплавените региони.
-Црковната кујна секој ден во наредниот период ќе готви околу 200 оброци и истите ќе се доставуваат еднаш во денот. Благодарност до вработените во “Ѓаконија” и сестрите доброволци, кои од срце помагаат во подготовката и доставувањето на храната, велат од Македонската православна црква.
Сепак, она што сега е неопходно е да се зголеми донацијата на прехрамбени продукти за оваа церковна кујна за да може таа непречени о понатаму да доставува храна до попланевните подрачја.
Од МПЦ велат дека за подготовката на топлите оброци се потребни намирници, кои можат секојдневно да се донираат 9 до 14 часот во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.
/РЕЛИГИЈА.МК