Почетна Репортажа Видео Чудото од Јордан. За водици водата го менува правецот на движење

Чудото од Јордан. За водици водата го менува правецот на движење

2.79K
0

Ерусалимската патријаршија е дел од православните цркви кои Богојавление го слават по јулијанскиот календар. Патријархот Теофил и денеска ги освети водите на реката Јордан, каде беше крстен Исус Христос.

Се верува дека на местото каде што Христос бил крстен за време на богојовленските прослави се менува правецот на течење на реката Јордан.

Во 2016 година еден од верниците кои биле на овој настан направил видео снимка со мобилен телефон, која подоцна го обиколи светот.

Оние кои се во посета на Светата земја или кои некогаш ќе се најдат таму, треба да знаете дека протокот на водите на Јордан, кога сте од страна на Израел секогаш оди кон десно.

Но, секоја година на овој ден за време на церемонијата на осветување на водата, се повторува (неколку години)  чудо во кое водата во Јордан се враќа назад.

За време на церемонијата што се одржала истовремено од страната на Ерусалим патријархот Теофил кој бил на страната на Израел, но исто така на спротивниот брег од Јордан бил православен свештеник. Водата од реката се движела како и секогаш на на десно. Но, штом Патријархот и свештеникот ги спуштиле Крстовите во Јордан, мистериозно водата почнала да се бранува на неколку места и се променил правецот на движење. Чудото траело се додека крстовите биле во водата, подоцна текот на реката се вратил во нормала.

Оваа вест подоцна беше пренесена од сите светски медиуми.

Во продолжение видео од денешната прослава на Водици во реката Јордан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *