637
0
„Мустафа Паша Џамијата“ во Скопје ќе биде местото за централната прослава на утрешниот голем муслимански празника Рамазан Бајрам.
На утринската намаз молитва ќе присуствува Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и претставници на раководството на ИВЗ.
Засега нема најави дали некој од државниот врв, или од претставници на политичкиот и општествениот живот ќе присуствува на утринската молитва.
Молитвата за Рамазан почнува во 4 часот и 29 милути, а во 5 часот и 44 минути ќе биде Бајрам намаз.
Во текот на денот, пак Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во хотелот Александар Палас ќе организира прием со традиционалната рамазанска баклава.
/РЕЛИГИЈА.МК