Почетна Вера Бускупот Стојанов на прослава за Св. Кирил и Методиј во Словачка
2222
1111
999
888
777
666
555
444
333
222
111
99
88
77
66
55
44
33
22
11
00

Бускупот Стојанов на прослава за Св. Кирил и Методиј во Словачка

192
0

Во Жилинскиот крај, западна Словачка (на тромеѓието со Полска и Чешката Република), во местото Терхова се наоѓа најголемата црква во оваа земја посветена на Солунските браќа Кирил и Методиј. Во Терхова веќе 27-ми пат од 2 до 5 јули се слават Деновите посветени на македонските светци и сесловенски просветители светите Кирил и Методиј.

Оваа година за прославата бил поканет и Апостолскиот егзахр и скопски бискуп Киро Стојанов, да ја предводи светата вечерна литургија на источно-македонски обред воочи празникот. На таа света литургија пеел Катедралниот хор од Струмица, јави „католици.мк“

Бискупот Стојанов, искажал пригодни проповеди на двете централни литургии воочи празникoт на вечерната свeта Литургија и на празникот на 5 јули, зборувајќи за делото и мисијата на светите браќа од Солун и повикал на повторна евангелизација на Европа во овие тешки времиња за христијанството.

Епископот Стојанов присуствувал на неколку манифестации организирани за таа прилика и имал средби со повеќе достојници од црквата во Словачка и претставници на локалните и регионалните власти меѓу кои и со бискупите ординарии од Жилина и Нитра, градоначалникот на Терхов и претседателот на Трнавскиот крај.

Хорот при катедралата Успение на Пресвета Богородица од Струмица пеел и на гала концертот при затворањето на Деновите посветени на свв.Кирил и Методиј.

/КАТОЛИЦИ.МК

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *