Бугарскиот патријарх Даниил ќе престојува во Цариград за време на православниот Божик, каде што ќе ја посети Вселенската Патријаршија во Фанар, потврди Orthodoxtimes повикувајќи се на црковни извори.
Посетата на патријархот Даниел ќе започне на 25 декември, на Божик, и ќе заврши на 28 декември. На 26 декември, на празникот Собор на Пресвета Богородица, патријархот Даниел ќе сослужува со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Фанар.
На 27 декември, патријархот Даниел ќе ја предводи Божествената литургија по повод прославата на бугарската црква „Свети Стефан“, позната и како „Железната црква“.
Ова ќе биде првата мирна официјална посета на бугарскиот патријарх на Помесна православна црква откако беше избран на патријаршискиот трон, а се толкува како чин на почитување на традицијата, но и зачувување и зајакнување на канонските и братски односи меѓу Бугарската православна црква и Вселенската патријаршија.
Претходно, двајцата претстојатели се сретнаа во Солун кон крајот на септември, учествувајќи на Втората научна конференција на списанието „Теологија“ на Светиот синод на Грчката црква.
Според црковни кругови, посетата има симболично значење, особено во контекст на тековните предизвици со кои се соочува православниот свет, при што Фанар продолжува да игра централна улога во меѓуправославниот дијалог.

