Почетна Анализа Бугарската и грчката црква чествуваат без МПЦ – Черепот на свети Климент Охридски во Софија
cerep-sveti-kliment-2
cerep-sveti-kliment-3
cerep-sveti-kliment-4
cerep-sveti-kliment-5
cerep-sveti-kliment-6
cerep-sveti-kliment-7
cerep-sveti-kliment-8
cerep-sveti-kliment-9
cerep-sveti-kliment-10
cerep-sveti-kliment-11
cerep-sveti-kliment-12
cerep-sveti-kliment

Бугарската и грчката црква чествуваат без МПЦ – Черепот на свети Климент Охридски во Софија

644
2

Бугарските православни верници завчера му се поклонуваа на черепот на свети Климент Охридски, кој во катедралниот храм „Александар Невски“ беше донесен од грчкиот митрополит Пантелејмон надлежен за градот Верија каде што е манастирот во кој веќе 700 години се чува оваа вредна реликвија.

Грчките црковни достоинственици решиле да го донесат черепот на светителот за да го зголемат чествувањето на 1.100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски, која се празнуваше завчера во оваа соседна земја. Донесувањето на главата на светителот предизвика големо внимание во бугарската јавност, а според сознанијата, ова е второ носење на светителот во Софија по подолго време.

cerep-sveti-klimentВо грчката делегација беше и игуменот на манастирот „Свети Јован Претеча“ кај Верија, архимандритот Порфириј, кој на почетокот на минатиот месец престојуваше во Македонија во Бигорскиот манастир каде што најави дека се моли и надева дека овој дел од моштите ќе биде донесен и во ова светилиште.

– Се молиме да ја прославиме заедно илјадагодишнината на вашиот свет манастир овде и со нас да ја имаме меѓу нас и чесната глава на свети Климент. Јас од 2007 година сум во неговиот манастир. Светителот, самиот знае зошто, постојано ни ги покажува неговата љубов и неговата утеха – рече тој во своето обраќање пред бигорските монаси.

Грчката и Бугарската православна црква имаат добри односи, а бугарските владици имаат проблеми само со вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој пред неколку месеци побара Софија да ги врати реликвиите одземени во Првата светска војна од грчките манастири.

cerep-sveti-kliment-12Бугарските медиуми не информираат кога и на кое ниво меѓу бугарските и грчките владици било договорено донесувањето на черепот на светителот. БПЦ наведува дека благослов за ова донесување го дал и грчкиот архиепископ Јероним.

Инаку, на официјалната интернет-страница на Бугарската православна црква, во текстот посветен на празникот на овој сесловенски светител, се наведува дека тој бил роден во Солун или некаде во неговата околина, а дека по смртта на свети Методиј, кога бил избркан од Моравија, наишол на добар прием во својата родна Бугарија.

-Благоверниот цар Борис го испратил Климент во југозападниот дел од својата голема држава, во македонската област Кутмичевица, со главните градови Девол и Охрид. Таму тој работел со голема ревност меѓу новопокрстените Бугари како учител и свештеник. На соборот во Преслав (893 г.) Климент бил избран за прв епископ на бугарскиот јазик. Kако свештеник и епископ тој неуморно работел 30 години на прифаќањето на христијанската вера меѓу својот народ. Дење тој обучувал деца и млади, а ноќе се молел, пишувал и преведувал книги од грчки на бугарски јазик – се наведува во статијата на БПЦ.

cerep-sveti-kliment-11И во информативниот текст на бугарската црква се искажува задоволство што има можност да се изврши поклонување пред првиот епископ на бугарски јазик, пред светилката на родната земја, пред учителот и проповедник на спасителното слово на Христовото евангелие.

– Да се потврди православната вера со тоа што тој ни го остави како ученик на светите Кирил и Методиј. Тој е најдобар студент, најсветла фигура во нашата книжевна работа. Не случајно нашиот универзитет го носи неговото име – порача во обраќањето бугарскиот патријарх Неофит.

cerep-sveti-kliment-10Од друга страна, Македонската православна црква го смета свети Климент Охридски како свој основоположник и патрон.

– Организирајќи ја својата епископија, свети Климент станал организатор на македонско-словенската црква, со домородна словенска епархија, а во Охрид ги поставил темелите за подоцнежната Охридска архиепископија и Патријаршија. Доаѓајќи во Дремвица и Велика со титулата епископ Велички, свети Климент Охридски постанал прв словенски епископ во чија епископија се богослужело, се проповедало, се читало и се пишувало на старомакедонски словенски јазик – пишува во својот труд познатиот македонски теолог Ратомир Гроздановски, професор на Православниот богословскиот факултет на МПЦ-ОА „Свети Климент Охридски“.

ТЕЛОТО Е НА ПЛАОШНИК

Черепот на основоположникот на МПЦ-ОА се наоѓа во овој грчки манастир веќе седум века откако, според сознанијата, двајца монаси го зеле во моментите кога целосните мошти биле префрлувани од охридскиот храм „Свети Пантелејмон“, кој турските освојувачи го претвориле во џамија, првин во црквичката „Мал свети Климент“, а потоа во „Света Богородица Перивлепта“. Тие потоа главата веднаш ја однеле во овој манастир, кој е сместен на височините на планината Пиерија, во близина на градот Бер, односно, Верија, според сегашното грчко име.

cerep-sveti-kliment-9Овој манастир посветен на свети Јован Крстител, сместен во централна Македонија, е мошне важен во неговиот живот бидејќи тука станал монах. Потоа историјата го забележала сето она што го направил во своите мисии, со создавањето на кирилицата, со создавањето на првиот универзитет, многубројните дела…

Инаку, најголемиот дел од моштите на овој светител се чува во манастирот „Свети Пантелејмон“ на охридскиот Плаошник, а во Бугарија има две честички од моштите. Едната се чува во софискиот храм „Светите седумчисленици“, а втората е во храмот во Пловдив „Светите Kирил и Методиј“ и таа е подарена од МПЦ-ОА во 2008 година.

cerep-sveti-kliment-8Черепот на светителот ќе биде однесен и во познатото бугарско светилиште Рилски манастир, и во Пловдив.

/ДНЕВНИК

Коментар(2)

  1. А кога го чествувале заедно со МПЦ? Немојте одма со напади. Ке си дојде се на своето по Божја волја и промисла. Вистината Божја секогаш ке победува. Има време …

  2. Vie novinari kako da ne ste odovde. Ne ste li do sega slusnale deka za ovie sto slavat MPC ne postoi . No me cudi zosto Vraniskovski ne go pokanile

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *