Почетна Вести Божиновска: Неопходна поголема интеграција на Македонците муслимани во општеството
Божиновска: Неопходна поголема интеграција на Македонците муслимани во општеството

Божиновска: Неопходна поголема интеграција на Македонците муслимани во општеството

270
1

„Не викајте ме торбеш, зашто ѕвездите ќе ми изгаснат во очиве, и ќе се исцедат како солзи на доенче“. Оваа симболика на Саме Жарноски од Жировница, свој современ израз наоѓа и денес, кога нашиот национален, јазичен и култутерен идентитет се сочува со сериозни предизвици. Но, денес сме доволно силни како нација, не само да го одбраниме јазичниот идентитет, туку и да го зајакнеме и продлабочиме, особено зашто како земја носиме вековна традиција на толеранција која ги поврзува времињата и просторите, народите и генерациите.

Ова го истакна директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска на денешната промоција на книгата „Македонците со исламска религија во историски и современ контекст“.

mia-kniga-2Книгата, рече Божиновска, е своевиден зборник на научни трудови чии автори се преку 25 професори, доктори на науки и академици. Покрај идентитетот, верските определби, исламизацијата, фолклорот, јазикот, обичаите, тие ги опфаќаат и актуелните современи состојби, како и проблемите со кои се соочуваат Македонците муслимани.

– Апелирам, на исто ниво како што се интегрираа Албанците и Турците, како што се интегрираат Србите и Власите, и Македонците со исламска вероисповед да бидат дел и од државните институции и од севкупното општествено, мултикултутурно и политичко живеење во нашава земја како граѓани кои се нераскинлив дел од Македонија, е пораката со која Божиновска го завршува своето излагање во книгата.

mia-kniga-3Како што истакна на промоцијата, културните и историски спецификации на Македонците муслимани се непобитен доказ за нашето големо национално богатство, за нашиот цврст и несоборлив бедем на толеранцијата и разбирањето на другиот. Треба, еднаш во историјата, да ја одгатнеме нивната идентитетска основа, нивниот јазик, фолклорот, традцијата.

Според директорката, и покрај историските сцили и харибди, Македонците муслимани успеваат да го задржат својот идентитет, да го сочуваат најтрадиционалниот говор со сите карактеристики што го имале и пред исламизацијата. – Најубавиот, певлив говор што го слушаме во Жировница, Ростуше, Велебрдо, ја сочинува основата на современиот македонски јазик со најзначајните јазични особености, подвлече Божиновска.

mia-kniga-2Нејзина оценка е дека Владата во изминатите десет години почна поотворено да му приоѓа на прашањето на Македонците со исламска религија, почна да води сметка за нивната поголема интергација во општеството, застапеноста во политиката и во севкупното мултикултурно живеење. Но, иако постои одреден напредок во однос на продлабочувањето на интегрираноста на Македонците муслимани, сепак актуелните состојби укажуваат на потребата од продолжување на позитивните трендови и успешно делување.

– Интеграцијата е мала, треба да се оди и подлабоко и пошироко. Досегашните резултатите треба да бидат поттик за натамошниот заеднички ангажман за подобрување на сите аспекти од нивното современо живеење.

mia-kniga-4Претседателот на Сојузот на Македонци со исламска вероисповед Исмаил Бојда се осврна на третманот на Македонците муслимани во државата, посочувајќи дека политичките партии од почетокот на плурализмот, немаа воопшто слух за овој дел од населението.

– Се формираа партии со еднонационални и едноверски состави, а никој никому не дал право во оваа држава да не отфрли нас од националното ткиво. Во 2001 година, исто така, обидот беше конфликот да се наметне како војна меѓу муслиманите и христијаните, но ние застанавме на браникот на татковината, посочи Бојда.

По промоцијата на книгата на која присуствуваше и игуменот од манаститорт „Св. Јован Бигорски“, отец Партениј, присутните имаа можност да го погледнат и истоимениот документарен филм, патеписна репортажа во која, како што рече Божиновска, е преточен сублиматот, есенцијата од она што авторите го наведуваат во книгата.

Коментар(1)

  1. a planirate li da gi integrirate pravoslavnite makedonci ili samo makedoncite muslimani, albancite muslimani, makedonskite sloveni.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *