Почетна Вера МПЦ-ОА Божествена литургија на врвот на Крчин
Божествена литургија на врвот на Крчин

Божествена литургија на врвот на Крчин

416
0

Трета година по ред братството од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирите од Рајчица и Пречиста предводени од игуменот архимандрит Партениј отслужија Божествена литургија на врвот Крчин којшто се наоѓа на надморска височина од 2.341 м.

– Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно со сите присутни споделивме ретко и благословено искуство да присуствуваме на необичната богослужба, која според неодамна востановената традиција, на самиот врв ја служат јеромонаси и јероѓакони од нашето манастирско братство, велат од Бигорскиот манастир.

На ова место, некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

– Во присуство на повеќе од 350 верници, планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да Му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. Оти, навистина голем е подвигот човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв, и таму во близина на остатоците од некогашниот храм посветен на Преображението Христово, да Му служи Нему во таинствено и длабоко созерцание, на богослужба која како да се одвива на небесата, додаваат од Бигорскиот манастир.

Годинава, за првпат за безбедноста на сите присутни се грижеше Единицата за спасување на планини и непристапни терени од Црвениот крст од Охрид, а имаше и лиценцираните водичи од Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

На врвот Крчин, во 2016 година, за првпат по 80 години монашкото братство на Бигорскиот манастир и сестрите од манастриот „Свети Георгиј Победоносец“ од Рајчица отслужија литургијата во чест на Господовото Преображение.

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на Западна Македонија. Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *