Почетна Политичка теологија Богохулењето е казниво дело во 14 држави во Европа и во 79 во светот. Кои се тие?
Богохулењето е казниво дело во 14 држави во Европа и во 79 во светот. Кои се тие?

Богохулењето е казниво дело во 14 држави во Европа и во 79 во светот. Кои се тие?

147
0

Австрија, Кипар, Германија, Грција, Финска, Италија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Русија, Сан Марино, Шпанија, Швајцарија, Турција се европски држави, дел од се вкупно 79 држави во светот во кои со закон е забрането богохулењето или отпадништвото. Последното истражување на „Пју истражувачкиот центар“ од САД, покажува дека иако за многумина можеби „отпадништвото и богохулењето“им изгледаат како реликвии на историјата, сепак дури во 79 држави, или на 40% од светската теритотрија во 2019 година имале закони или политики со кои се забранува богохулење, што се дефинира како говор на омраза или постапки кои се сметаат за презир кон Бог или кон луѓето или предмети кои се сметаат за свети.

Дваесет и две земји (11%) имаа закони против отпадништвото, чинот на напуштање на верата.

Овие закони најзастапени се на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што 18 од 20 земји (90%) во регионот имаат закони кои го криминализираат богохулството, а 13 од нив (65%) го прогласуваат отпадништвото.

Во Европа такви закони има во 14 држави, 18 земји во субсахарска Африка, 17 во азиско-пацифичкиот регион, и 12 во Америка.

Меѓу 79-те земји кои го криминализираа богохулењето, казните варираат во голема мера, од парични до затворски казни и во некои случаи камшикување и егзекуција.

Во некои земји, како што се Авганистан, Брунеи, Иран, Мавританија, Нигерија, Пакистан и Саудиска Арабија, кршењето на законите за богохулење може да носи можност за смртна казна.

Некои закони за богохулење во 2019 година биле повлечени, покажува анализата. Во Нов Зеланд, долгогодишниот закон за богохулење бил укинат токму во 2019 година, откако медиумите во земјата објавија дека тој не бил спроведен од 1922 година. Грција, исто така, укина одредби во 2019 година, по кампањите од страна на активистите за човекови права.

Во некои земји, вклучувајќи ги Пакистан, Тринидад и Тобаго и Барбадос, законите за богохулење датираат од нивните периоди на британско владеење.

Во истражувањето се посочени и примери за тоа како биле санкционирани луѓе по овие законски одредби.

Во Пакистан, најмалку  17 лица биле осудени на смрт под обвинение за богохулење во 2019 година, вклучително и  универзитетски предавач  обвинет дека вербално и на Фејсбук го навредил пророкот Мухамед, иако пакистанската влада всушност никогаш не погубила никого за богохулење.

Во Саудиска Арабија, индиски државјанин бил обвинет за богохулење во 2019 година, парично казнет и осуден на 10 години затвор за твитирање на критики кон Мухамед и Алах, како и кон саудиската влада.

Во еден пример во Индонезија, римокатоличка била приведена под обвинение за богохулење затоа што донела куче во џамија. И во Шри Ланка, драматург бил испрашуван од властите откако будистички монах тврдел дека неговата работа е богохулна.

Во меѓувреме, во Пакистан, Врховниот суд во 2019 година ја потврди ослободителната пресуда за Азија Биби, христијанка која беше осудена на смрт за богохулење, што предизвика насилни протести и повици да ја погубат. И во Индонезија, владата го разгледа предлог-законот за проширување на криминализацијата на богохулењето, но на крајот го одложи по протестите на групите на граѓанското општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *