Почетна Вера Бискупот Стојанов ја предводеше крстната поворка до врвот на Водно
Бискупот Стојанов ја предводеше крстната поворка до врвот на Водно

Бискупот Стојанов ја предводеше крстната поворка до врвот на Водно

250
0

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монсињор Киро Стојанов, во саботата на 12 март 2016 година и поголема група католички верници организирале искачување на врвот на Водно, наречено „побожноста Крстен Пат“ , пишува порталот „католици.мк“.

Искачувањето на група почнало во утринските часови од Средно Водно, од каде присутните се упатиле кон врвот на планината Водно каде се наоѓа Јубилејниот крст.

Низ 6 километри долгата патека верниците наизменично го носеле дрвениот крст, читајќи текстови од побожноста на Крстниот Пат, молејќи се и пеејќи пригодни песни.

-Кога групата пристигна на врвот на Водно под Јубилејниот крст, бискупот Стојанов ја молеше завршната молитва, изразувајќи радост заради реализирањето на оваа побожност која веќе станува традиција на парохијата, а и заради сведочењето на верата. Исто така, истакна дека со оваа молитва му ги прикажуваме на Бога нашите лични молитвени потреби, молитвените потреби на нашите семејства, пишува порталот, „католици.мк“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *