Почетна Вести Бигорскиот манастир ќе одгледува пастрамки
Бигорскиот манастир ќе одгледува пастрамки

Бигорскиот манастир ќе одгледува пастрамки

1.46K
0

Бигорскиот манастир ќе ги враќа во функција некогашните манастирски рибници и ќе ја одгледува познатата „радичка пастрамка“, пишува дневниот весник „Дневник“.

Идејата е годишно да се произведуваат над 300 тони квалитетна пастрмка, најголем дел за потребите на манастирското братство кое е голем потрошувач на риба, особено во деновите на пост, кога доаѓаат голем број верници и за кои монасите подготвуваат редовно храна.

На обнова на рибниците, во кои до пред шеесетина години се одгледувала познатата радичка пастрмка, се работи интензивно.

– Завршена е првата фаза. Расчистени се рибниците, кои беа покриени со песок, камења и други отпадоци, и на просторот околу нив, кој беше обраснат со дрва, трева и грмушки. Извршена е санација на оштетените ѕидови, кои служат како прегради на рибниците. Станува збор за три базени, веројатно двата биле користени како рибници додека третиот бил мрестилиште. Истото сакаме да го сториме и ние – изјавил за „Дневник“ отец Kирил од Бигорскиот манастир.

Во обновата се вклучени и шеесетината битолчани што самоорганизирано и доброволно им помогнат на монасите во расчистување на рибниците и теренот околу нив.

Рибниците кои сега ги возобновува монашкото братство, почнале со работа во 1936 година. По Втората светска војна биле одземени од Манастирот и дадени во задруги. Со работа престанале бо 1958 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *