Почетна Вера МПЦ-ОА Бигорски манастир го одбележа денот на раѓањето на Свети Јован Крститетл
Бигорски манастир го одбележа денот на раѓањето на Свети Јован Крститетл

Бигорски манастир го одбележа денот на раѓањето на Свети Јован Крститетл

410
0

Познатото македонско древно светилиште манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир денеска ја одбележа својата втора манастриска слава -Денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Манастирот беше преполн со верници уште од синоќа кога беше отслужено сеноќно бдение, со кое чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На бдението втора година по ред гостуваше хорот при храмот „Св. Пантелејмон“ – Ахарна, Атина, Република Грција, под раководство на протопсалтот Илија Редијадис Тумбас, претседател на сојузот на протопсалти на Атина.

– Нека семоќниот Бог Промислител ги умножи силите на сите оние коишто ѝ мислат добро на едната, света и соборна Црква, за најпосле, да биде исцелена болката што со децении ја мачи правоверната паства на Охридската архиепископија! Зашто голема рана е за нас, продолжувачите на охридската црковна традиција, тоа што Охридската архиепископија, со која православниот народ одовде е органски сврзан со вековни врски, е сѐ уште надвор од сеправославното семејство,рече меѓу другото игуменот на Бигорската Света Обител, Архимандрит Партениј на синоќното бдение.

Со Светата архиерејска празнична литургија денеска чиноначалствуваше митрополитот дебарско – кичевски г.Тимотеј, во сослужение со митрополитот брегалнички г.Иларион и епископот хераклејски  г. Климент.

Меѓу големиот број верници гостин на Бигорски денеска беше и Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, кој на анхримандрит Партениј му подари резба со ликот на Свети Јован Дебранин, првиот архиепископ охридски.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *