Почетна Политичка теологија Банкар меѓу најдобрите лидери во исламската економија
Банкар меѓу најдобрите лидери во исламската економија

Банкар меѓу најдобрите лидери во исламската економија

190
0

Амер Буквиќ, директор на Босна банк интернационал, е избран меѓу 50-те највлијателни светски лидери во исламската економија според изборот на „Исламика 500“ за 2018 година.

На оваа листа се наоѓаат водечките личности од светот на индустријата, финансиите, науката, економијата, меѓународната трговија, правото и медиумите. Истражувачкиот тим на „Исламика 500“ е составен од експерти за различни области што секоја година ги проценуваат најиновативните, креативните и најзначајните достигнувања во областа на исламската економија и заслужните поединци ги номинираат на листата на најуспешните светски лидери.

На оваа листа се наоѓаат успешни бизнисмени од земјите на Голфскиот Залив, Малезија, Саудиска Арабија, но и од Велика Британија, САД, Франција и Босна и Херцеговина. Генералниот директор на ББИ банката, Амер Буквиќ, вторпат е избран за престижната листа. Лани тој беше меѓу 500 личности, а за 2018 година е меѓу топ 50 најуспешни поединци во исламската економија.

Буквиќ своето образование го стекнал во Малезија, Јапонија и во Англија и на универзитетот „Оксфорд“. На чело на банката е од 2006 година, која последните години е во редот на најбрзорастечките компании во БиХ. Тој е организатор на Сараево бизнис-форум, меѓународна инвестициска конференција што има светско реноме. Буквиќ во 2017 година е избран за најдобар трансформациски лидер во областа на исламското банкарство, а ББИ е прогласена за најуспешна исламска банка во Европа. Тој е добитник и на други престижни награди за унапредување на исламските финансии и економија. Во 2014 година во изборот во Саудиска Арабија е прогласен за најдобар претприемач и лидер во светот.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *