Почетна Вести Бан: Трибуналот во Хаг да го процесуира геноцидот на ИД врз ирачките Јазиди
Бан: Трибуналот во Хаг да го процесуира геноцидот на ИД врз ирачките Јазиди

Бан: Трибуналот во Хаг да го процесуира геноцидот на ИД врз ирачките Јазиди

82
0

Дејствијата на терористичката групација Исламска Држава во ирачкиот град Синџар претставуваат злосторство врз човештвото, пa дури и геноцид, изјави вчера генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

jazidiКако што јавува ТАСС,  Бан предложил и тие настани да бидат ставени под истрага во Меѓународниот суд во Хаг.

Во писмена декларација по повод две години од заземањето на областа околу Синџар од џихадистичките трупи, водачот на Светската организација ги осуди „чудовишните злосторства” врз разни малцински етнички и религиозни групи во Ирак, коишто и натаму траат. Тој изрази загриженост за судбината на луѓето кои се наоѓаат во областите окупирани од ИД, посебно за „илјадниците жени и деца – Јазиди, чиешто ослободување треба да биде приоритетна цел на воените операции“.

На годишнината од окупацијата на Синџар, во Белгија се одржа комеморација за жртвите од тој настан.

– Не сме ги заборавиле трагичните настани од 3 август 2014 во Синџар. Илјадници Јазиди беа убиени од терористите, илјадници жени и деца беа земени во заложништво и се уште не се ослободени. Настојуваме светот да се обедини во борбата против чумата на 21-от век – „Исламската држава”, истакна Лејла Челдаргуши, претседателка на Домот на Јазидите во Белгија.

Јазидите се посебна етничка група, со своја засебна религија наречена јазданизам. Тие како етничка заедница, денес најмногу се застапени во Ирак, Сирија, Ерменија, но имаат свои малцинства и во неколку европски држави.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *