Почетна Вести Христијанство Бадникови поворки на радоста

Бадникови поворки на радоста

320
0

Познати јавни личности од Македонија, деновиве интензивно се вклучуваат во работилници на радоста со кои, како што велат, сакаат да им го разубават овој празничен период и на оние, кои за жал, заради болест или друга несреќа, не можат да ја почувствуваат празничната еуфорија.

Песна, прегратка, убав збор, малку шега, и по некое подароче. Не треба многу за да усреќиш некого – велат тие.

Во првата работилница на радост и милосрдие која беше наменета за детската болница Козле, учестваа Ребека Јанковска Ристески, Елена Пандева, Викторија Лоба, Кире Ѓоревски и многу други членови од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија – “Бадникови поворки”, кое всушност е и иницијатор на овие акции за изобилно дарување љубов, внимание и добри желби во овој празничен период кога радост и среќа заслужуваме сите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *