Почетна Вести Бачкиот епископ Иринеј: Зошто не ставив потпис на Соборот во Крит?
Бачкиот епископ Иринеј: Зошто не ставив потпис на Соборот во Крит?

Бачкиот епископ Иринеј: Зошто не ставив потпис на Соборот во Крит?

179
0

Бачкиот епископ Иринеј Булоивиќ, еден од архиереите учесници на Соборот на Крит кои не ги потпишаа документите усвоени на Соборот, во изјава за „Ромфеа“ ги образложува причините за тој него потег.

Иринеј е еден од оние православни епископи кои велат дека Соборот на Крит ја нема карактеристиката на историските Собори, особено што епископите немале право на глас.

27795185662_202aed7844_k-Јас не го потпишав споменатиот документ, затоа што епископите членовите на Соборот имаа право да се искажат, но немаа право на глас. На Соборот, наместо усвоениот од Апостолите и заповеданото од Светите Отци правило ’еден човек – еден глас‘, функционираше друго правило: ’една Автокефална Црква – еден глас‘. Со други зборови, право на глас имаа само Претстојателите на Помесните Цркви. Според тоа, разликата помеѓу православните архиереи и инославните набљудувачи на Соборот, се состоеше само во тоа што првите можеа да го изразат своето мислење, додека другите седеа и молчеа: ни едните ни другите не решаваа ништо. Единствено што можев да направам е да не го потпишам тој текст, изјавил Буловиќ за „Ромфеа“, објаснувајќи ја причината зошто не го потпишал документот „Односи на Православната Црква со останатиот христијански свет“.

Инаку, токму овој документ беше и најоспоруван меѓу православните епископи на Крит. Него не го потпишаа и Митрополитот Лимасолски Атанасиј, Морвскиот Митрополит Неофит, Аматунтскиот Митрополит Николај, Лидрскиот Митрополит Епифаниј, Неаполски Митрополит Порфириј (Кипарска Православна Црква) и Навпактски Митрополит Тимотеј (Грчка Православна Црква).

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *