Почетна Вести Европа Австрија ги забранува бурките
Австрија ги забранува бурките

Австрија ги забранува бурките

210
0

Од октомври, носењето облека што целосно го покрива лицето во јавност ќе се казнува со глоба од 150 евра.

Австрискиот Парламент синоќа усвои закон со кој се забранува носење во јавноста облека која целосно го покрива лицето, како што се бурките. Одредбата е дел од поширокиот интеграциски закон, на кој Владата продолжи да се работи и покрај несогласувањата во владејачката коалiција.

Сè уште не е познато колку лица би можеле да се соочат со казни поради оваa мерка.

Со друг дел од новиот закон се забранува ширењето на Куранот и се бара од сите мигранти во Австрија да преминат „интеграциска година“ во која ќе учат германски јазик и етички правила. Таа одредба е насочена кон бегалците и азилантите за кои се проценува дека имаат добри шанси да останат во Австрија.

Од апликантите сo бегалски статус се очекува, исто така, да извршуваат бесплатна општествено корисна работа. Секој кој ќе го одбие тоа ќе ја загуби социјалната помош. Предлогот има за цел да ги приспособи мигрантите кон австрискиот пазар на трудот.

/МАКФАС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *