Почетна Анализа Атеизмот станува трета „религија“ во светот
Атеизмот станува трета „религија“ во светот

Атеизмот станува трета „религија“ во светот

1.35K
1

Исланд е земја која слободно може да се нарече уште една држава на атеисти. „Исланд Магазин“ објави анализа, повикувајќи се на истражување во кое се тврди дека никој помлад од 25 години не верува дека Господ го создал светот.

Помалку од половина Исланѓани се декларираат како религиозни, а над 40 проценти од младите жители на овој остров се декларираат како атеисти.

Анкетата покажала дека 93.9% од младите до 25 години веруваат дека светот е создаден од голема експлозија, а 6,1 % немаат став или веруваат во некоја трета причина за создавање на светот.

Според анкетата, религиозни Исланѓани има 46,4%, што досега е еден од најниските проценти на религиозно декларирани жители на оваа држава.

Исланд е една од државите во која постојано има опаѓање на бројот на верници, за сметка на растот на атеистите. Тоа е случај кај голем дел од богатите држави во светот.

Кон религијата се посветени и приврзани само постарите Исланѓани. Анкетата покажува дека 80,6 % постари од 55 години се декларираат како Христијани. Но, и кај постаите генерации процентот на атеист не е за занемарување. Како атеисти во групата повозрасни од 55 години, се изјасниле 11,8 проценти.

Како изгледа светот по релиска припадност
Како изгледа светот по релиска припадност

СЕ ПОВЕЌЕ МЛАДИ АТЕИСТИ И ИСЛАМОФОБИ

Глобалниот индекс на религиозност и нерилигиозност, или атеизам, поседен пат го мереше „Галуп интернешанел“ во 2012 година. Беа анкетирани повеќе од 51.000 мажи и жени од 57 држави во светот. Тоа истражување покажа дека бројот на религиозни е опаднат за 9% во периодот од 2005 до 2011 година. Оние пак кои се декларираат како атеисти, во ова истражување беа повисоки за 3 проценти, споредено во истиот тој период.

Меѓу топ четирите држави со висок процент на пад на религиозноста кај населението над 20 проценти во таа анкета беа, Франција, Швајцарија, Ирска и Виетнам.

Сепак на глобоално ниво, светот се уште се декларираше како религиозен, или 59 проценити од испитаниците, тогаш изјавиле дека себе си се гледаат како верници, или како религиозни луѓе. 23 Проценти беа дефинирани како нерелигиозни, а 13 проценти како убедени атеисти.

Во моментов нема прецизна бројка за тоа како сега изгледа светот според индексот на религиозност, но според анализите на неколку светски институти кои се занимаваат со ова прашање, тој тренд на зголемување на бројот на атеисти е во пораст. Особено по последните терористички напади кои се случија на тлото на Европа, во Франција.

Тоа го потврдува и Советот на Европа во една од последните анализи, потенцирајќи дека покрај атеизмот во Европа расте и исламофобијата и расизмот.

Советот на Европа потенцира дека токму овие три карактеристики стануваат најголем предизвик за Европа во нејзината иднина. Овој извештај посебно ја акцентира поврзаноста на исламофобијата и атеизмот, како загрижувачка кај младата популација. Се повеќе млади се атеисти, а одруга страна и исламофоби.

Тоа, според некои анализи на медиумите во Европа, покажува дека европското население постепено станува „непријателски“ настроено кон религијата, затоа што честопати смета дека стабилноста, спокојот, мирот во Европа е нарушен токму поради религиските елементи. Овде особено се потенцира стравот од радикални фундаменталисти на Исламот.

Токму од тие причини и Муслиманите во Европа, исмалските институции, пред една недела се вклучија во општествена кампања со цел да им појаснат на Европјаните дека Исламот како религија не е фундаментализам и дека во терористичките напади тој беше злуопотребен од луѓе кои него го користат како превез за политички и криминални цели. Беа отворени вратите на џамиите и центрите на Исламот во Франција. На тие предвања вистинските мислимани, верници во светот, објаснуваа дека т.н. „џихадисти“, всушност се неверници.

80 ПРОЦЕНТИ ЕСТОНЦИ СЕ АТЕИСТИ

Според податоците за светската популација за религиската припадност пак, денес во светот можат да се издефинираат три религии со најголем процент на следбеници.

На прво место е христијанството, како една религија која има околу 2.1 милјарда следбеници. Процентуално најмногу се „римокатолици“ 16, 85 %, „протестанти“ 6.15%, „православни“ 3.96 проценти и „англиканци“ со 1.26%. Или се вкупно, светската статистика мери дека 28,17 проценти од светската популација, денес припаѓана „Христиајнството“.

На второ место е „Исламот“, кој има околу 1.6 милјарди следбеници во светот.

Кога на едно место пак, ќе се собрат атестите, безверниците, агностиците и ако ги класифицираме како една „религија“, тогаш тие се на трето место по бројност во светот, со 1.1 милјарда, „следбеници“. Со други зборови во светот околу 15 проценти од населението се атеисти.

Тие се побројни и од „Хиндуизмот“, кој има околу една милјарда верници. Потоа се кинеската традиционална религија со помалку од 400 милиони слебеници, будеизмот со околу 380 милиони, етичките религии и афричките традиционални со околу 400 милиони. 14 милиони се декларираат како „Евреи“.

Од сите условно наречени „следбеници“ на „Атезимот“, најмногу се во Естонија, каде околу 80 % се декларираат како атеисти, Јапонија со 76%, Данска со 72%, Шведска со 64%, Виетнам со 62 проценти.Меѓу атеистички држави со над 50% е и Чешка, па Кина со 47%.

Во кој „Бог“ веруваат Американците?
Во кој „Бог“ веруваат Американците?

Многу весрки аналитичари во светот предупредуваат дека „атезимот“ постепен станува најдоминанта религија. Пред три години едно истражување во САД потврди дека за прв пат во нејзината историја протестантите не се мнозинство во Амарика. Иако за ова анкте имаше поделени мислења во САД, сепак според нејзините податоци, помалку од 50% од американците се изјасниле како протестанти. Глвано како атеисти се дефинирала помладата популација на САД, држава која иако се декларира како секуларна, во многу нешта има верски обележја. Почнивајчи од натписот „Во бог ние веруваме“ на доларот, па се до заклетвата на Претстедателот.

И ПРАВОСЛАВНА РУСИЈА Е ДОМИНАНТНО АТЕИСТИЧКА

Особено интересна за анализа од религиска припадност од една страна и од друга на верско убедување и верување е Русија. Општа перцепција е дека тоа е најправославната држава во светот со високо ниво на религиозност. Но, реалноста е нешто сосема поинаква. Во Русија на пример се случува замена на рускиот идентитет со „православен идентитет„. Според неколку истражувања во Русија 75% од населението се „православни“, а околу 10% „муслимани“.

Анализа на руското „православие“
Анализа на руското „православие“

Но, 60 проценти од овие декларирани „православци“, всушност на некој начин се атеисти. 30% од нив воопшто и не веруваат дека Бог постои, а се декларираат како „правсолавни“, а другиот дел се или со нејасен став, или со став дека Господ постои, но речиси никогаш не практуквале „црквување“. За разлика од православните, муслиманите во 99% се и верници во Русија и тие својата вера ја манифестираат и практикуваат. Велат дека ако се погодите во Москва за Бајрам, сликата што ќе ја видите ќе ви остави впечаток како да се наоѓате во една од најмуслимнаските држави во светот.

Намаз молитва во Москва
Намаз молитва во Москва

Наталија Шоркаја од „Левада центарот“, кој го споревел истражувањето потенцира дека Русија воопшто не е религиозна држава, и дека таму се случува чуден фенеомен за замена на идентитети.
-Долго „православниот идентитет“ служел како замена на „недостаток на рускиот национален идентитет“. Тоа што денесака во Русија, некој ќе каже дека е православен, ретко занчи дека е „православне по вероисповест„. Во Русија и познавањето на верата кај луѓето е мало. На секој чекор ќе видите икони и крстови, во автомобили, во болници…, но таа манифестација на овој масовен феномен не е знак на верско убедување, вели Шоркаја.

Аналитичарите во Русија сметаат дека голема улога во ваквата ситуација има комунистичкиот период на Советскиот сојуз и прогонот на Црквата.

М.Н.

 

Коментар(1)

  1. Нешто со бројките не ќе е во ред. Очигледно дека анкетата за Исланд е тенденциозна. Според Википедија, само 5,61 од населението не припаѓа на ниту една верска заедница. Напротив, тие имаат и државна црква (значи ништо од секуларноста), верските заедници добиваат парични средства од државата, значи далеку е од она што анкетата го тврди. Ако некој ВЕРУВА во Големата експлозија, не значи дека тој е атеист.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *