Почетна Вести Христијанство Архимандритот на Всленската патријаршија за МПЦ – Ова е најголемото црковно прашње што треба веднаш да се реши
Архимандритот на Всленската патријаршија за МПЦ – Ова е најголемото црковно прашње што треба веднаш да се реши

Архимандритот на Всленската патријаршија за МПЦ – Ова е најголемото црковно прашње што треба веднаш да се реши

641
1

Архимандритот на Вселенската патријаршија, Роман Анастасиадис, коментирајќи го собирот на украински епископ и на спрпски кај Јован Вранишковски, бара итно решавње на црковниот спор во Македонија, бидејќи смета дека злосторот што српскиот национализам го прави врз православните во Северна Македонија е многу поголем од ониј што Русија го прави во Укарина.

Еве што напиша отец Роман на својот фејсбук профил.

Борисполскиот владика од неканонската Црква во Украина (т.е. УПЦ-Московски патријархат – б.п.) на именден кај Јован Охридски (Вранишковски – б.п.)… Сите беа едно… убаво друштвенце… Двајца без тројца!!! Добро, именден на коџамити… Архиепископ, а служеа во една… одаја? Со некои дваесетина верни само? Тоа ли е стадото на Српскиот патријарх во Северна Македонија?

Таму, злосторот што се извршува, заради еретичкиот српски национализам, е многу поголем отколку во Украина. Во Украина барем верните отприлика се поделени на две страни, од кои секоја има паства од по неколку милиони. Во Скопје огромното мнозинство (тукуречи сите) Православни се обврзани да живеат со децении во схизма… А ние им правиме атер на неблагодарните Срби… Ова најголемо црковно прашање треба веднаш да се реши.

Великата Мајка Црква во Константинопол не може веќе да не одговори на црквите на нејзините изнамачени чеда во Северна Македонија. Ниту обостраните национализми, ниту неправославните спогодби можат да го оправдаат овој злостор кој трае на сметка на илјадници души. Доста е веќе со компромиси со ѓаволот и со неговите инструменти во Русија и Србија…

Коментар(1)

  1. Чекајте Нек ви ја регистрираат ПОА па тук ќе се види стадото на Јован!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *