Почетна Вести Ислам Трагедија во автобус: Големо злосторство и непростлив грев на сопственикот а не Божја волја
Трагедија во автобус: Големо злосторство и непростлив грев на сопственикот а не Божја волја

Трагедија во автобус: Големо злосторство и непростлив грев на сопственикот а не Божја волја

381
0

Познатиот скопски имам Бењамин Идриз, кој служи во една џамија во Пензергер, Германија, тврди дека за трагедијата на несреќата која се случи во Бугарија, каде драматично и ужасно ги загубија животите 45 невини лица, е прашање за кое мора да разговараме и од религиозен, морален, етички и социјален аспект.

Во неговиот Фејзбук статус тој ја поставува дилемата дали несреќета треба да се толкува како Божја судбина, или како нешто што е последица на човечки фактор.

“На почетокот сакам да бидам строг. Оваа трагедија не е последица на Божјата волја. Господ, кон кого цврсто веруваме дека е Милостив, и не сака Неговите созданија безмилосно да изгорат во оган. Господ е тој што му дава живот на човекот и Тој му го одзема животот, но овој процес е во хумани рамки и не излегува од кругот на Неговата милост и милосрдие. Слава му на Бога, Милостивиот! Затоа се поставува прашањето кој е сега причината и виновникот за трагедијата? Самиот Куран одговара: „Било кое лошо да ви се случи, тоа е последица на вашите лоши дела“ (42:30). Луѓето кои ги загубија животите во оваа трагедија се жртви на кривично дело. Тие станаа жртви на една неморална трговија. Сопственикот, како и вработените во агенцијата „Беса транс“ предизвикаа загуба на животи на деца, млади, мажи и жени, кои беа целосно невини од страста на сопствениците на агенцијата. За да заработат некоја пара повеќе, незаконски и цинично, предизвикаа загуба на животи на луѓе на нивната најдобра возраст. Тие се убијци, криминалци, варвари, а не луѓе. Тие се без вера и без беса. Сите оние кои ја водат оваа компанија, како и оние кои дозволиле автобусот да се движи во таква состојба, ќе се појават пред Бога како убијци! Такви не се само тие што сносат одговорност, туку и власта која не ги надгледува и казнува криминалците, шверцерите и корумпираните. Одговорни ќе бидат оние агенции кои и во иднина нема да преземаат мерки за прекин на нелегалната трговија и ќе продолжат исто како и досега. Обврска на имамите во овие тешки денови е на семејствата да им дадат храброст, морал и надеж. Но, имамите имаат и друга обврска – смело да зборуваат за криминалот и криминалците, да кажат дека поседувањето на муслиманското име, кое го имаат одговорните за лошите дела, нема да ги спаси од казната Божја: „Оние што неправедно го изедуваат богатството на сиромашните, оние реалго го изедуваат она што ги полни нивните стомаци со оган и ќе влезат во огнот на џехеннемот“. (4:10). Да зборуваат за халал добивката и ризикот од поткуп, криминал и корупција повеќе од намазот-молитвите. Да зборуваат повеќе за злоупотребата на службената должност и задачата, и доверената задача за власт и управување со фирми. Несомнено жртвите се цвеќиња во рајот и ќе бидат на највисоките нивоа заедно со членовите на семејството кои ќе го носат во своите срца пламенот на болката. Во Рајот нивната болка ќе заврши и таму ќе започне вечната среќа. Во меѓувреме, нема сомнеж дека причинителите за инцидентот ќе бидат дрвјата од пеколот. Таму ќе заврши среќата на профитот од нелегална трговија и таму ќе започне вечната болка!”, напиша имамот Идриз.

Во меѓувреме, по трагедијата со автобусот, во академските кругови е актуализирана дебатата околу значењето на поимот судбина, влијанието на Божјата волја и човечкиот фактор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *