Почетна Вести Архимандрит Партениј: Да продолжиме заеднички да се бориме да се исправи неправдата кон нашата Црква
Архимандрит Партениј: Да продолжиме заеднички да се бориме да се исправи неправдата кон нашата Црква

Архимандрит Партениј: Да продолжиме заеднички да се бориме да се исправи неправдата кон нашата Црква

687
3

Архимандритот Партениј од својот гостин од Грција, Архимандритот Порфириј побарал поддршка за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, пренесувајќи му дека  денес духот на Св. Климент тагува поради неслогата на братските православни народи, и особено затоа што неговата Охридска Архиепископија, сега возглавена од Архиепископот Стефан и Светиот Синод од 12 епископи, поради неоснованото негирање претрпува неправедна изолација од православната екумена

„Ваше Високопреподобие, Архимандрит г. Порфириj,

Гледајќи го присуството на Вашата светла и наша особено драга личност во овој свет храм, најтопло Му благодарам на преблагиот наш Бог, што, ете, Ве донесе овде и нè удостои со оваа голема радост!

Радост, бидејќи на нашите две свети обители, Бигорски и Рајчица им се даде можност да ја покажат искрената љубов и почит што ја негуваат кон Вас, и најусрдно да пречекаат во својот монашки дом еден долгогодишен брат во Христа, срдечен пријател и молитвеник за спасение на нашите души, уште од времето кога се подвизувавте во Светата Обител Симонопетра. А таа наша радост е и уште поголема, затоа што сега ни доаѓате како востоличен игумен на славната обител на Чесниот Претеча во Бер, којашто историски и духовно е многу блиска до нас. Зашто, со неа сме нераскинливо поврзани, не само по нашиот заеднички небесен молитвен закрилник – Светиот Јован Крстител, туку и по тоа што во Вашата Света Обител се чува свештената глава на великиот Светилник на Црквата Христова, Рамноапостолниот Климент Охридски, првиот епископ од словенскиот род, родоначалникот и заштитникот на нашата света Охридска Архиепископија и патронот на нашата земја.

4За огромната љубов и почит на нашиот словенски народ кон Св. Климент Чудотворец нема потреба надолго да се раскажува, но она што би сакале сега посебно да го истакнеме е тоа дека неговите култ и слава се преголеми, не само меѓу нашиот, туку и кај останатите словенски народи, како и кај братскиот православен грчки народ. И ние навистина веруваме дека токму неговиот благослов Ве донесе денес овде, во овој древен Манастир, еден од првите словенски општежителни манастири воопшто, кој за четири години ќе го слави своето илјадалетие; и Ве донесе токму сега, во годината кога славиме 1100 години од неговото блажено во Христа Успение.

Но, за жал, мораме да го кажеме и тоа дека денес духот на Св. Климент тагува поради неслогата на братските православни народи, и особено затоа што неговата Охридска Архиепископија, сега возглавена од Архиепископот Стефан и Светиот Синод од 12 епископи, поради неоснованото негирање претрпува неправедна изолација од православната екумена, и што ние, неговите духовни чеда, не по наша волја и вина, не сме во евхаристичко општење со нашите православни браќа во Христа.

16Затоа, Ваше Високопреподобие, ние најсмирено ќе Ве замолиме, да продолжиме заеднички да се бориме да се исправи неправдата кон нашата Црква, светата Охридска Архиепископија, и таа како автокефална да биде примена во заедницата на помесните православни Цркви. Молете се за верниот Христов народ во нашата земја, како и за нашите монашки заедници, кои, и во ова тешко време, како и во овој најстрадален крај на нашата Татковина, неотстапно се трудат да сведочат за светлината на Христовата љубов и единство.

Просејќи ги Вашите молитви, Ви посакуваме пријатен престој во Светата Бигорска Обител и уште еднаш Ви ја изразуваме нашата најтопла благодарност и благонаклоност!

Благословете!“

Архимандрит Партениј

/БИГОРСКИ

Коментар(3)

  1. Прекрасно подравно слово но би било добро кога би се спомнало уставното име на нашата Црква МПЦ-ОА, за некој да не помисли дека се работи за ПОА.

  2. Не може да се работи за ПОА, кога се спомнува името на поглаварот: „…Охридска Архиепископија, сега возглавена од Архиепископот Стефан…“; второ – се знае кога се зборува за Охридска Архиепископија за кого станува збор – за МПЦ, за која уште пред да постои проектот „Вранишковски“, се посочува дека е возобновителка на древната ОА. И трето – Вранишковски бараше назив: Грко-православна Охридски Архиепископија на Пеќката Патријаршија

  3. “ustavnoto ime” na Makedonskata Crkva e “Ohridska Arhiepiskopija” i ne e omalovazuvanje na Makedonecot da se narekuva taka. Nitu pak im dava mokj na Grkot okolu politichkiot spor. Ustavnoto ime na Drzavate e Republika Makedonija i toa e posebno prashanje. Mene me raduva sto ima muabet so blizniot i me raduva drevnoto i svetoto ime Ohridska Arhiepiskopija.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *