Архиепископот Стефан на средба со владици од Вселенската патријаршија и од Грчката црква

Date:

Share post:

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија и митрополитот Дамаскин од Грчката црква, денеска биле на средба со Архиепископот Стефан во архиеокопијата во Скопје.

Нa средбата присуствувал и епископот Климент, секретар на САС на МПЦ-ОА. За средбата извести Скопската епархија на МПЦ-ОА; но нема детали за што е разговарано.

-На 8.4.2024 Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со Нивните Високопреосвештенства Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија и Митрополитот на Додимотихо, Ористијада и Суфли г. Дамаскин од Грчката Православна Црква. На средбата присуствуваше и Секретарот на САС на МПЦ-ОА Епископот Хераклејски г. Климент, стои во соопштението на Скопската епархија.

Двајцата владици се гости на МПЦ-ОА неколку дена. Вчера во Света Софија во Охрид служеа литургија со надлежниот митрополит Тимотеј. На крајот од литургијата, владиката Тимотеј му порачал на претставникот од Вселенската Патријаршија дека не само црковниот клир и монаштвото, туку и верниците силно се залагаат за единство со целиот православен свет и со желба очекуваат добивање на томос за автокефалност од Вселенската Патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...