Архиепископот Стефан на средба со Патријархот Порфириј

Date:

Share post:

Скопската епархија на МПЦ-ОА објави сооопштение за средба на Архиепископот г.г. Стерфан и членовите на САС на МПЦ-ОА (редовен состав) со Српскиот Патријарх СПЦ и со дел од тамошниот синод, откако вчера Религија.мк, објави дека делегација на МПЦ-ОА заминала за Белграда.

Во соопштението пишува дека посетета на македонската црковна делегација е по покана на Пагтријархот Порфириј, за тригодишнината од неговото устоличување на Пеќкиот Трон. Во краткото соопштение пишува и дека  двете цркви разговарале за актуелностите во сеправославиот свет.

-По покана на Неговата Светост, Патријархот Српски г. г. Порфириј, а по повод тригодишнината од Неговиот избор за Претстојател на сестринската Српска Православна Црква, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан беше во дводневна посета на Белград, Србија. Архиепископот беше придружуван од членовите на работниот состав на Светиот архијерејски синод: Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и од секретарот на Синодот, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент. На средбата беа присутни и Неговото Преосвештенство Епископот Бачки г. Иринеј, член на Светиот архијерејски синод на Српската Православна Црква и  архимандритот Нектариј Ѓуриќ, главен секретар на Синодот на Српската Црква. Посетата помина во пријателска и братска атмосфера, при што посебно внимание се посвети на актуелностите во сеправославиот свет, стои во соопштението на Скопската епархија на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img