Архиепископот на Австралија го осуди смртоносниот терористичка напад во Сиднеј и повика на молитви и единство

Date:

Share post:

Архиепископот на Австралија од Вселенската Патријаршија, Макариј, јавно го осудил смртоносниот терористички напад што се случи во Сиднеј, на популарната плажа Бонди за време на еврејскиот празник Ханука, при што најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени, според првичните официјални извештаи. Нападот беше потврден од австралиските власти како терористички акт, што уште повеќе ја потресе јавноста и предизвика остри реакции како на домашната, така и на меѓународната сцена. 

Во својата изјава објавена преку Orthodoxianewsagency.gr, архиепископот Макариј изразилдлабока тага и згозеност“ поради ужасниот чин и потенцирал дека секое дејствие што ја навредува светоста на човечкиот живот е за секаква осуда, уште повеќе кога ја поткопува мирната соработка и хармонија што се основни вредности на австралиското општество. Тој истакнал дека таквите напади не треба да ги разединат заедниците, туку да ги поттикнат сите луѓе на борба против омразата, фанатизмот и насилството. 

Оној кој убива во името на Бог не служи на својата вера, туку ја предава. Нема светост во убиство“, порачалархиепископот Макариј, јасно осудувајќи ги мотивите што стојат зад терористичкиот чин, и истовремено изразилискрена солидарност со семејствата на жртвите, како и со целата Евреија заедница погодена од трагедијата. 

Во светски рамки, нападот предизвикал бројни реакции од политички и верски лидери, вклучувајќи осуди од меѓународни организации и политичари, кои потенцирале дека убиствата на невини лица на собири за религиозни прослави се акт на длабока омраза и тероризам.  Со оваа изјава, Архиепископијата на Австралија не само што ја реафирмираше својата поддршка за мир и слобода, туку и ја повика целата заедница на заедничка молитва, солидарност и отпор кон насилството и антисемитизмот, како одговор на бруталниот напад. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img