Почетна Вести АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Половина милион Христијани ги нема на Блискиот Исток
АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Половина милион Христијани ги нема на Блискиот Исток

АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Половина милион Христијани ги нема на Блискиот Исток

202
0

hristijani irakОд Блискиот Исток за три години се иселиле повеќе од половина милион Христијани. Архиепископот Охридски и македонски, г.г Стефан на вчерашната литургија во соборниот храм “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, зборуваше за актуелна мигрантска криза, посебно посочувајќи на прогонот на христијаните од Блискиот исток.

Христијанството во светот е исправени пред многу искушенија, порача Архиепископот Стефан.

-Последните преселби на народите од Блискиот и Средниот Исток, колку што имаат за цел да се спасат себеси, ми се чини дека ги имаат за цел и европските христијански земји и народи. Антиохискиот патријарх Јован минатата година изјави дека за три години од земјите на Блискиот Исток недостигаат половина милион христијани. Ако во нивните татковини им пречат крстот и христијанството, се прашувам како ќе им биде во христијанските земји во Европа?, праша поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *