Почетна Вести Албанската православна црква изгради своја хидроцентрала
Албанската православна црква изгради своја хидроцентрала

Албанската православна црква изгради своја хидроцентрала

2.14K
1

Албанската православна црква изгради и во употреба ја пушти првата хидроцентра, која е нејзина сопственост во Албанија.

aaСтанува збор за хидроцентрала изградена североисточно од Тирана чиј капацитет за производство на електрична енергија е 50 гигаватчасови. Изградена е со заем од Националната банка на Грција.

Електричната енергија што ќе се произведува ќе биде продавана, а од тие пари ќе се финансираат просветните и социјалните институции на Албанската православна црква.

aaaОфицијалното пуштање во употреба го направил Архиепископот Анастасиј, со голем водосвет во присуство на стотици православни христијани од Албанија.

aaaaa-Православието значи да даваш. Поминаа 25 години од моментот кога се удостојиваме да дојдаме на тоа измачено од неправда и страв место. Во јули 1991 година пристигнав како патријаршиски егзарх по иницијатива на Цариградската патријаршија. Како да беше денес, на 2 август 1992 година, кога ја презедов мисијата на поглавар на Православната автокефална црква во Албанија со единствена цел да ја воздигнеме повторно. Во оној период на несигурност, страв и беда нашата главна порака беше: Имаме храброст да се надеваме! И тоа не затоа што бевме наивни и не ги гледавме пречките пред нас, туку бидејќи веруваме дека над сите власти во светот стои Вишата Реалност, Оној Кој има целосна власт во универзумот, Бог на љубовта. Оваа доверба не водеше тогаш, а ги насочува и сега чекорите на нашата Црква. Познато е дека ние не се ограничивме со обновата на Албанската автокефална црква, со обновата на нејзините структури, образованието и ракополагање на локален клир, со развојот на силна локална православна младина, туку организиравме дела на љубовта во различни области: во областа на медицината, образованието, земјоделството, културата и екологијата. Едно такво дело на надежта и љубовта е и електричната централа која ја отвораме. Таа се роди од сонот да обезбедиме постојани приходи и да ги продолжиме општествено-корисните дела. И ќе завршам со вистината, која често ја повторувам: Православната црква не живее за себе. Се она што го има, што го прави – сето тоа е наменето за целото општество, изјавил Албанскиот архиепископ на отврорањето на хидроцентралата.

aaaaaaaАлбанскиот Архиепископ Анастасиј е познат со разбирање на мисијата на Црквата како прва и главна заповед на апостолите на нивните наследници. Автор е на бројни трудови на оваа тема, во кои споделува лични искуства од својата мисионерска дејност.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. И МПЦ-ОА можеби ќе направи вакво нешто, ама откако ќе ги наполни попските џебови, кои се торби без газер. Кога ќе се сети дека и таа треба да мисионари, а не да заработува пари од продажба на книги. Дека свештениците не се давачи на сервисни услуги туку луѓе кои треба да го прибираат народот в црква, а не да го бркаат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *