Почетна Вести Регион Абазовиќ: Договор со СПЦ би можел да биде потпишан во август
Абазовиќ: Договор со СПЦ би можел да биде потпишан во август

Абазовиќ: Договор со СПЦ би можел да биде потпишан во август

216
0

Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ) би можел да биде потпишан наскоро, дури и на почетокот на август, откако сите уште еднаш ќе го достават своето мислење за тој документ, изјави премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Коментирајќи ја изјавата на митрополитот Јоаники дека измените на договорот не се прифатливи, Абазовиќ изјави дека Владата на Црна Гора одлучила за инклузивен пристап во процесот на потпишување на Основниот договор.

Прашувам која невладина организација и кој правен експерт се вклучил или знаел дека се потпишува договор со Католичката црква или со Исламската заедница, праша Абазовиќ и додаде дека, без разлика на тоа, сите сугестии се добредојдени, пренесува Н1.рс.

– Комисијата која би се занимавала со тој чин, не функционирала бидејќи тројцата членови предложени од претседателот на Црна Гора одбиле да учествуваат во работата – посочува Абазовиќ.

Тој им рече на новинарите дека во тој случај принципот на бифе маса не може да функционира и повтори дека смета дека основниот договор не е толку важно прашање.

Наведе дека веќе добиле писмени коментари за Основниот договор на Акцијата за човекови права, а имаат најави дека тоа ќе го сторат и некои други членови на комисијата.

На прашањето кога ќе се потпише Основниот договор, тој рече дека може да се очекува да биде на почетокот или можеби кон средината или крајот на август.

– Сè уште не сме се договориле за тие детали, но тоа е процес што го доведовме до крај – рече Абазовиќ и додаде дека не е точно дека Основниот договор не е во согласност со Уставот, туку дека секогаш постои можноста за проверка на суд.

Коментирајќи ја вчерашната презентација на митрополитот Јоаники за изградбата на капелата на Ловќен, Абазовиќ рече дека сите треба да работат на афирмирање на добронамерните пораки и да се спротивстават на сето она што претставува говор на омраза, без разлика од кого доаѓа.

Коментирајќи ги најавите на СДП дека доколку се потпише Основниот договор ќе гласаат за недоверба на Владата, премиерот рече дека тоа не е проблем.

– Нека не го чекаат Основниот договор, веднаш нека преземат што треба. Се однесуваат како да не се дел од тимот, тоа не ни пречи, но тоа е тоа, но тогаш би било логично да не номинираат свои луѓе за јавна администрација, бидејќи тоа е малку лицемерно – рече Абазовиќ.

Црногорскиот премиер ја коментираше и изјавата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој рече дека на Абазовиќ „ќе му судат гласачите, судовите и историјата“ доколку води политика што е против државните интереси.

– Гласачите веќе му пресудија, а судовите и историјата треба да почекаат, јас сум подготвен, а дали другите се подготвени ќе покаже времето. Тврдам дека не се работи за основниот договор, туку за правда – истакна Абазовиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *