Почетна Вести Владиката Наум го спаси Гаврил од расчинување
Владиката Наум го спаси Гаврил од расчинување

Владиката Наум го спаси Гаврил од расчинување

491
0

Струмичкиот Митрополит, Г.Наум го спаси Игуменот, Отец Гаврил, од сценариото за расчинување, кое му го потготвуваше Владиката Г. Петар и неговите свештеници во Австралија.

Струмичкиот Митрополит ја повлекол одлуката за условен канонски отпуст, која во 2005 година му беше издадена на Гаврил за да замине во Австралија, како дел од епархијата со која администрира Владиката Г. Петар.

Со оглед на тоа дека станува збор само за условен каконски отпуст, надлежноста врз Игуменот Гаврил ја има Струмичкиот Митрополит, а не Владиката Г. Петар.

Наум со писмо дека го повлекува Гаврил го известил Петар на 23 декември оваа година. Четири дена подоцна, Гаврил непречено служеше во црквата Успение на Пресвета Богородица во Сиднам – Мелбурн, една од црквите во Австралија, кои се под јуриздукција на Владиката Тимотеј.

Ова, како што велат верниците од Австралија, дополнително го разгневило Владиката Г. Петар, по чиј налог на вчерашните литургии во храмовите кои се под негова надлежност бил читан проглас против Отец Гаврил, со омаловачувачки и навредувачки содржини.

И покрај тоа што нема каконско право, сепак, Владиката Г. Петар најавувал црковно-судска постапка за Гаврил, обвинувајќи го дека е организатор на бунт протов Владиката.
Црковни извори велат, дека и да биде донесе ваква одлука, таа нема да има никаква важност и синодот нема да ја потврди.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *