Почетна Вера Литургија за Свети Никола во Секерник
Литургија за Свети Никола во Секерник

Литургија за Свети Никола во Секерник

208
0

Верниците на апостолскиот егзархат, кои го практикуваат византискиот обред во состав на Римокатоличката Црква во Македонија, попознати како Унијати, го одбележале денот на Свети Никола во црквата во Секерник, која го носи името на Светецот.

Свети Никола воедно е и патронен празник на Црквата во Секерник. Главната богослужба ја одржал, Киро Стојанов, кој во Македонија покрај скопски Бискуп, ја носи и титулата Апостолски Егзарх.

Како Владика на овие верници, Стојанов го потенцирал значењето на светата година на милосрдието во контекст на заштитникот на Црквата Свети Никола, како еден голем човек, кој бил проповедник на делата од милосрдие.Свети Никола е пример кој треба да послужи, за тоа како треба да се делува и живее според волјата Господова.

Покрај Владиката, Стојанов на литургијата присуствувале и свештеници од скопската Бискупија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *