Верски календар: 25 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Гргур Седми.
Тој е најпознатиот папа во средниот век, познат како голем обновувач на Христовата црква. Бил роден во тосканска Савоја, во 1020 година. Стапил во духовниот сталеж, а во 1073 година бил избран за папа. Се залагал за соединување на Источната и Западната црква. Се борел против мешањето на царот во внатрешните работи на црквата. Во 1074 година вовел строги мерки против световните владетели. Бил измачуван за време на прогонствата и умрел во 1085 година со зборовите: “Ја сакав правдината, ја презирав неправдата и затоа умирам во прогонство”.

