Денеска се слават двајца апостоли

Date:

Share post:

Верски календар: 11 мај

МПЦ-ОА/ Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира

APostoliТие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св. првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера, се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај Господ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...