Постави ли мост на помирување Вартолмеј меѓу Ерусалим и Антиохија?

Date:

Share post:

Ерусалимската и Антиохиската Патријаршија се еден чекор кон конечно решение на меѓусебниот раскол, тврди грчкиот интернет сајт „Ромфеа“, повикувајќи се на свои ексклузивни информации.

Приближувањето на ставовите и можното конечно решение на проблемот за јуриздикцијата врз Катар, според „Ромфеа“ е резултат на посредништво на Вселенската патријаршија.

Изворите на „Ромфеа“ тврдат дека во посредник бил претставник на Вселенскиот патријарх, кој имал долгогодишно искуство во дипломатските мисии на црквата и на чија заслуга била и неодамнешната посета на Папата Франциск на Лезбос. Тој бил во посета на двете Патријаршии и како што тврдат црковните извори, успеал да ги доближи ставовите на Патријарсите Јован и Теофил.

kipar resenieПретходно обид за помирување направи Кипарскиот Архиепископ, но таа можност пропадна. „Ромфеа“ сега тврди дека помирувањето ќе се случи во мај во седиштето на Вселенската Патријаршија. Идејата е да се постигне единство пред Сеправославниот собор на Крит во јуни годинава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img