Почетна Коментар Како беше киднапирано единството на Православието
Како беше киднапирано единството на Православието

Како беше киднапирано единството на Православието

549
0

Вчера требаше во Кипар, на неутрална територија, да се состанат патријарсите на Антиохија и Ерусалим, за да го решат проблемот со црковната јуриздикција над Катар.

Тоа требаше да биде вест за целото Православие. Само што веста беше друга. Пак поврзана со Кипар, но не токму со единството на Православието, туку со друг еден згрешен модел на љубов, каде вљубениот се решил на очајната постапка правејќи се терорист, за да дојде кај сакана. Таа на крајот отишла на аеродромот, но тој пак бил “врзан” од полицијата или “опашан и поведе таму каде што не сака” (Јован 21:18).

Светиот и голем собор на Православната Црква, како важен дел од нејзиниот живот, очигледно целосно ја оправдува дефиницијата. Бидејќи ако овој собор не беше во ред и недостоен, и спротивно, немаше да се подигне непријателот на човечкото спасение и да се бори со заби и нокти и со лаги и измислици против неговата реализација. И еден од успесите на “оној зад нас” е недоразбирањето на двете древни патријаршија за правата над Катар, каде што нема ниту еден православен државјанин.

Постојат само неколку десетици работници православни, згрижени од архимандрит на Ерусалимската патријаршија, по народност Грк, родум од Крит. Тој од 10 март 2013 година е и епископ со титула Катарски архиепископ. Неговото име е Макариј (Мавројанакис). Црковната општина му се дефинира како гркоправославна .

Проблемот сепак не е со личноста на архиепископот Макариј, туку со фактот дека тој работи и служи на територија, која никогаш не била во границите на Ерусалимската Патријаршија. Која пак патријаршија од своја страна до IV Вселенски собор во 451 година воопшто и немала самостоен статус, туку била епископија под јуриздикција на Антиохиската патријаршија.

На овој собор е обезбедена автокефалија на територијата згрижена од Ерусалимскиот епископ и ги вклучува “трите Палестина” (според древната поделба на палестинската земја на три области) и денешното Кралство Јордан, кои области се одделуваат од Антиохиската црква со нејзина согласност.

Во времето на царот Јустинијан I, во 531 година Ерусалимската помесна Црква задно со црквите на Константинопол, Александрија и Антиохија е призната и за патријаршија. Но вака или така, оваа патријаршија има релативно ограничена територија. Затоа формирањето на парохија и потоа на архиепископија во Катар, каде навистина нема локални православни христијани, сепак е древна јуриздикција на Антиохиската патријаршија и оправдано се смета за навлегување во надлежноста на последната.

Неодамна во Шамбези, Женева, се слушнаа едни, најблаго речено, чудни објаснувања од Ерусалимскиот патријарх, со кои тој се обиде пред останатите православни претстојатели да го оправда јуриздикционто навлегување во Катар: “Катар е некогашна територија на Саудиска Арабија. А Саудиска Арабија граничи со Јордан. Јордан пак е во нашата јуриздикција.” Секакви коментари во таа насока се непотребни.

Најлошото е дека вчера наместо патријархот на Александрија оттаму дојде еден убеден екстремист, а патријархот-посредник како свој претставник не испратил дури ниту епископ, туку само свештеник. И наместо Антиохискиот патријарх, во Кипар беше негов епископ, но немаше како на такво ниво да се водат преговори и да се решава таков остар спор.

ivan zelevА овој спор доведе не само до расцеп во односите на двете цркви и прекин на евхаристичкото општење, туку го загрозува и единството на светото Православие, кое се подготвува за два и пол месеци да се собере за прв пат после векови. И како што еден форумец веќе злорадосно вели: “Многу убаво! Да се надеваме да не се разберат, за да пропадне соборот! ”

Да му ја имам христијанскота свест на овој несреќен брат! Бидејќи православните екстремисти не носат експлозиви, но со фарисејската праведност активира човечки души.

Господи, помилуј!

Пишува: Иван Желев (двери.бг)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *