По изјавите на владиката Петар – Синодот не расправал за нови епархии

Date:

Share post:

Синодот досега не расправал за нови епархии, објави дневниот весник Вечер, повикувајќи се на свои сиднодски извори, откако владиката Петар во интервју најави дека ќе се дели Европската епархија.

Дневниот весник Вечер пишува дека синодските правила, инаку, предвидуваат барањата за нови епархии да се изнесуваат на седницата.

– Но, притоа, за тоа е потребно да се изјасни владиката што е надлежен за епархијата за која се бара поделба, но и другите владици. Освен за поделбата на Епархијата во Австралија, Синодот не расправал за ваква тема. Своевремено имаше барање американско-канадскиот митрополит Методиј да организира црковен живот и во Јужна Америка, но тоа не се заврши за да се прошири епархијата. Митрополитот Пимен досега на седниците на кажал дека епархијата му е преголема или дека сака да се подели или, пак, да се повлече поради премореност. Не е тајна дека во Европа имаме сè повеќе наши сонародници и дека има зголемен обем на работа и ангажман, изјавиле за Вечер Прес од Синодот на МПЦ-ОА.

Владиката Петар во две одделни интервјуа во два дена за две телевизии го нападна владиката Пимен и најави дека Европската епархија треба да се подели на неколку нови епархии. Во Интервјуто за 24 ТВ беше подиректен, посчувајќи дека од Европската епархија ќе се правт три нови епархии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here