Почетна Вести Останатите манастири од Света Гора не ги сакаат Зилотите во единство
Останатите манастири од Света Гора не ги сакаат Зилотите во единство

Останатите манастири од Света Гора не ги сакаат Зилотите во единство

514
0

sveta gora 2Последните три дена на Света Гора се водат интензивни преговори за враќање на зилотскиот манастир, Есфигмен во канонско единство со останатите манастори на Атос. Во преговорите учествува тричлена делегација на Вселенската патријаршија, под чија јуриздикција се манастирите на Света Гора.

Најголемиот дел од светогорските манастири се противат на обединувањето на ова монашко братство со останатите 19 манастирски братства. Бараат претходно тие целосно да се покајат за расколничките активности од 1972 година.

Светогорските монаси не се задоволни, бидејќи монасите од Есфигем ќе воспостават административно општење со останатите манастири,без да поминат низ чинот на покајание. Според нив дипломатската мисија на Вселенската Патријаршија се согласува со властите во Атина која на тој начин ги решава своите внатрешни проблеми.

Монасите негодуваат бидејќи на зилотите неофицијално им се ветува дека нема да променат ништо и се ќе си остане како претходно, а тоа значи дека нема да го споменуваат Патријархот, ниту пак ќе имаат општење, пишуваат грчките медиуми. Со други зборови и понатаму себе си ќе се дефинираат како „верни на православието“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *