
Манастирот на зилотите Есфигмен на Света Гора посакал да воспостави литургиското општење со другите манастири на Света Гора и да се соедини административно со нив, објави грчкиот сајт Ромфеа.
Во писмо до министерот за надворешни работи и до Вселенска патријаршија игуменот на Манастирот Есфигмен, архимандритот Методиј побарал да се воспостави административно и литургиско единство на манастирот со останатите светогорски манастири и со Вселенска патријаршија.
Со децении братството на Есфигмен себе си се сметаше за единствениот “вистински-православен” манастир на Света Гора, кој немаше евхаристичко општење ниту со останатите канонски манастири, ниту пак со христијаните од канонските помесни православни Цркви.
Денеска на 21 април, трочлена делегација на Вселенска патријаршија, ќе ја посетат Света Гора, за да ги дефинираат конкретните чекори кои ќе доведат до соединување на историскиот манастир со останатите манастири и Вселенската патријаршија, под чија надлежност е Света Гора.
Хвала Богу!