Почетна Вести Споменик за загинатите бегалци кај Велес
Споменик за загинатите бегалци кај Велес

Споменик за загинатите бегалци кај Велес

100
0

begalci veles 2На градските гробишта во Велес, вчера била одржана комеморација за 14-те бегалци кои загинаа во железничка несреќа минатата година, објави „Ал Џезира Балканс“

На комеморацијата присуствувале претставници на локалните власти, УНХЦР, Невладината Легис, а иницијатор била хуманитарката од Велес, Ленче Здравкин.

Бил откриен и споменик за жртвите а засадени биле и 14 млади чемпреси.

На комеморацијата, локалниот имам на ИВЗ одржал и молитва за загинатите.

-Овие луѓе го напуштиле својот дом бегајќи од војната и стравот за својата безбедност, дојдоа во земја на мирот и ги загубија животите во нејзе. Ова е трагедија која мора да се избегне, а секоја земја мора да воспостави систем за нивна безбедност, изјавил претставникот на УНХЦР во Македонија.

Ленче Здравкин, која веќе две години им помага на беглаците изјавила дека се чувствувала должна како мајка на сите бегалци кои поминале покрај нејзиниот дом да им помогне.

Мерсиха Смаиловиќ од НВО Легис рекла дека овој настан од минатата година е пресвртница за сите бегалци.

На вчерашниот 24 април, минатата возот кој се движеше на релација Велес кон Скопје удри во 14 бегалци кои се движеа по пругата кон северната граница на Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *