Во последните 10 години бројот на улениците што во бугарските училишта ја изучувата религијата како изборен предмет опаднал за три пати, тврди бугарското министерство за образование. Од 15 227 ученици во 2006, на 4 854 во минатата 2015 година.
Во бугарската јавност изминатиов период има дебата околу потребата на предметот Религија во училиштата. Поддржувачите сметаат дека анализите покажуваат дека учениците кои го изучувале имале подобар однос во училиштата и не се агресивни.
Во бугарските училишта предметот Религија, како посебен се изучува на принцип на изборен предмет.

