Почетна Вести Бугарија ќе забрани носење бурка на јавни места?
Бугарија ќе забрани носење бурка на јавни места?

Бугарија ќе забрани носење бурка на јавни места?

385
0

Дел од бугарската јавност, но и некои политички партии, како ВМРО на Каракачанов, бараат забрана за носење бурки на јавни места.

burkaДебатата во бугарското општество се наметна неодамна со најавите за измени на законот за вероисповест, со кој се предвидува драстична и ригорозна контрола на тоа кој може да врши проповеди. Предлозите се дека тоа мора да бидат исклучиво државјани на Бугарија.

Главниот јавен обвинител на Бугарија, Сотир Цацаров од Пазарџик порачал дека треба да се најде јасен баланс помеѓу религиозните слободи из заштитата на општеството.

-Мое лично мислење е дека на јавни места, особено во училишни објекти, жените не треба да носат бурки, изјавил бугарскиот обвинител.

Според него дебатата треба да почне во поглед на измените на законот за вероисповест, но потенцирал дека државата треба да најде некаков механизам, кој нема да задира во верските права, но кој ќе значи забрана за носење бурка на јавни места.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *