Како прв видлив резултат од историската средба меѓу папата Франциск и московскиот патријарх Кирил во Хавана е „нормализирањето на односите“ помеѓу Католичката и Православната Црква. Ова го изјавил Апостолскиот нунциј во Русија, архиепископот Иван Јерковиќ
-За да се оцени средбата во Хавана и нејзините последици, потребно е да се земе во предвид историската перспектива, истакнал Апостолскиот нунциј
-Она што се промени веднаш и засекогаш, е фактот дека сега пред нас ја имаме сликата од долгоочекуваната прегратка. Со средбата во Куба имаме нова нормала, сега е факт дека дијалогот меѓу браќата веќе не е нешто необично. Невозможните и ретки работи сега се нормални, стануваат секојдневие. Покрај тоа средбата ќе има позитивно влијание врз развојот на односите меѓу Католичката црква и оние православни Патријархати, кои досега не биле во директен контакт со Папата, изјавил Јерковиќ.
Тој службата Апостолски нунциј во Русија ја завршува на денеска 31 март 2016 година, а во иднина својата дипломатска служба ќе ја врши во Женева, како постојан набљудувач на Светиот Престол во Обединетите нации.

