Почетна Вести Почнаа последните подготовки за Православниот собор
Почнаа последните подготовки за Православниот собор

Почнаа последните подготовки за Православниот собор

170
0

На 29 март во Шамбези почна првата седница на Сеправославниот Секретаријат на светиот и Голем Собор. Тој е формиран според одлуката на Поглаварите на Помесните православни цркви, коишто се сретнаа во Женева кон крајот на јануари оваа година. Со седницата раководи Митрополитот за Швајцарија Еремија од Вселенска Патријаршија. Според обврските на Сеправославниот Секретаријат треба да се донесат заклучоци за отворање на специјален интернет сајт за едногласно усвоените текстови кои се вклучени во дневниот ред на Соборот, информирањето на медиумите за работата и целите на Соборот, обезбедување на акредитиви на новинари и дописниците заинтересирани за следење на Соборот, по препорака на Православните Цркви.

shambezi 2Секретаријатот на Соборот е сеправославен и многуброен, се состои од по еден архиереј од секоја делегација, како и од секретар за подготовка на Соборот, којшто води сметка за работата на Сеправославниот Секретаријат. Членовите на Секретаријатот се потпомогнати во нивната работа и од соодветни советници, клирици, монаси или мирјани, коишто се избираат од советниците на делегациите на Помесните православни цркви и треба да го потпомогнат премногу широкото и многустрано дело на Сеправославниот Секретаријат. Бројот на тие советници не може да е повеќе од двајца од секоја делегација.

Во овластувањата на Секретаријатот на Соборот се наброени: Обезбедувањето на документите со соодветниот материјал од подготвителната постапка за текстовите на теми од дневниот ред на Соборот и нивно преведување на јазиците на коишто треба да се работи, одговорноста за спроведувањето на протоколите од работата на Соборот, помагањето на работата на пленарните седници и комисиите на Соборот, обезбедувањето на правилно работење на системот за симултан превод на дискусиите од Соборот на официјалните јазици, составањето на специјални комисии, како за составувањето на соопштенијата за непосредно информирање на јавното мислење за текот на работата на Соборот така и за подготвувањето на неговото послание, соодветно информирање на присутните набљудувачи од други христијански Цркви или вероисповеди преку обезбедување на соодветни документи со прашањата од дневниот ред на Соборот и непосредно разрешување на секаков друг непредвиден проблем од практична или процедурална природа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *