Свештеници од црквата “Свети Николај Чудотворец” денеска во СОС детското село ја предале донацијата, што со благослов на Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, ја собрале заедно со членови на оваа црковна општина.
На штитениците од домот во Скопје им донирале прехранбени продукти, средства за хигиена и машина за перење.
Ги посетиле и разговарале и со децата сместени во оваа установа.


