Митрополитот Агатангел – политичари и новинари ја понижуваат Македонија и МПЦ-ОА за пари

Date:

Share post:

Постојано не понижуваат и притоа самите себе се понижуваат, јас мислам дека тие луѓе немаат сон, не се спокојни, совеста постојано им е нечиста и ги молам да престанат, да престанат да го тероризираат народот – изјавил владиката Агатангел во интервју за Телевизија, Алфа, обраќајќи се кон професорот Љубомир Фрчкоски и, како што ја нарекол новинарската ергела која постојано атакува врз МПЦ-ОА и шири лаги за тобожното неединство во неа.

Во емисијата „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски, митрополитот Повардарски изјави дека е жалосно што ова го прават луѓе кои не ни влегле во црква и кои најверојатно не знаат ни да се покрстат.

-Навистина е жалосно што ова доаѓа од човек за кој не знам и дали влегол во црква, дали знае да се прекрсти, човек кој нудеше пари за да се промени името, човек кој цел живот манипулира со македонскиот народ, секоја чест на неговата интелигенција и за неговата професија, но со разумот не можеш да сакаш. Се сака само со срцето. Прво го сакаме Христа со срцето, па потоа размислуваме со разумот, и созерцаваме со разумот. Да ја љубиш Македонија, не можеш со разум да ја љубиш, мора со срце да ја љубиш. И сите ние кои опстануваме на овие македонски простори, и ние од црквата и верниот македонски народ, оваа наша света македонска земја, опстануваме од љубов кон Бога, кон црквата и кон нашата самобитност, кон нашата нација. Ние сме народ македонски, оваа македонска земја нема педа, нема камен каде не е пролеана македонската крв. Нашите предци, нашите илинденци, нашите востаници, нашите партизани оставиле се’, мајка, татко, ги оставије жената и децата, ја земаа пушката и појдоа да се борат за слобода. Од таа слобода произлезе и обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Ние опстојавме 60 години и еве даде Бог, некој не’ признава, некој не не’ признава, на тие што не’ признаваат им благодариме и се молиме за нив, а се молиме и за оние што не не’ признаваат – посочил митрополитот од МПЦ-ОА.

Владиката Агатангел дополнително се обраќа и до новинари, за тои тврди дека биле платеници.

-И затоа некои, не само господинот Фрчкоски, има и други луѓе од вашата бранша кои постојано напаѓаат, постојано не понижуваат и притоа самите себе се понижуваат, јас мислам дека тие луѓе немаат сон, не се спокојни, совеста постојано им е нечиста и ги молам да престанат, да престанат да го тероризираат народот – побара тој во интервјуто со Цветановски.

Запрашан, зошто овие луѓе го прават тоа, владиката вели дека објаснувањето е едноставно.

-Го прават тоа затоа што имаат некој финансиски интерес, зошто поинаку некој би го правеле тоа, да се понижува себеси, таткото, мајката, бабата, дедото и предците негови и да бара нешто што не е возможно – објаснува владиката Агатангел во „За македонските работи“, порачувајќи дека сето тоа е залудно затоа што се работи за библиска земја и боголик народ од кој започнала христијанизацијата на Европа, нација за која не бадијала синоним е пирејот.

Религија.мк, очекува Здружението на новинари, Синдикатот и новинарските организиации да го прегледаат интервјуто на Агатангел за Тв, Алфа и соодветно да реагираат на неговите напади врз новинари. Истовремено, религија.мк, бара владиката Агатангел да ги објави имињата на оние новинари за кои тврди дека ја напаѓале МПЦ-ОА од финансиски интерес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img