Дали црковниот поратал на МПЦ-ОА ја бојкотира работата на Синодот на МПЦ-ОА?

Date:

Share post:

Речиси 24 часа по одржувањето на редовната седница на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, официјалниот црковен портал Литургија.мк сè уште нема објавено информација за донесените одлуки и соопштението од Синодот.

Особено е индикативно што редакцијата на порталот вчера објавувала други вести, меѓу кои и информации за активностите на Руската православна црква во светот – отворањето парохија на РПЦ во Велс и богослужби на руското свештенство во Стразбур.

Отсуството на информација за работата на највисокото црковно тело на МПЦ-ОА отвора прашања за уредувачките приоритети на официјалниот црковен портал. Дали станува збор за случајно пропуштање или редакцијата има причина да не ги пренесе одлуките на сопствениот Синод?

Што е тоа во вчерашните синодски одлуки што сè уште не заслужило место на официјалниот црковен портал? Прашање што станува уште поинтересно ако се има предвид дека станува збор за институцијата чија работа порталот би требало редовно и навремено да ја следи.

Во работниот состав на САС на МПЦ-ОА, членуваат Архиепископот Стефан и митрополитите Наум и Агатангел.

Синодот вчера донесе одлука да испрати честитка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за неговите 35 години од востоличувањето на тронот на Вселенските патријарси.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img